Ваквиот однос на потценување на нејзините вредности лошо се одрази во практиката, снижувајќи го бараниот стандард, во некои случаи влијаејќи и на самата уметност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Околу 50 % од литературата е дело на одбрани демагошки автори кои имаат напишано неколку дела, а нивните дела нема да најдат никогаш примена во практиката.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Но во практиката таквото општество не би можело да остане стабилно долго време.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во практиката, потребите на населението се секогаш потценети, што резултира во хроничен недостиг на половина од животните потрепштини; но на тоа се гледа како на предност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во практиката, на пролетерите не им се дозволува да влезат во Партијата.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И во практиката, единствениот начин да се постигне тоа беше постојано да се војува.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Само новото советско општество создаде објективни историски услови кои му овозможуваат на педагогот да мине од теоријата во практиката, од чистата и проста конструкција што ја нуди самиот живот.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Можеби тоа е можно како хипотеза во теоријата, но во практиката, во животните текови во кои ние егзистираме, тоа е апсурд.”
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Но, секогаш мора да се појави едно „но“ во ваквите идеалистички активности, соработката не е секогаш идеална. ...еве на пример, со Таа, главниот уредник на „Таа“, според рекламите, „наша најчитана неделна ревија“ (во практиката, со извесни малечки проблеми со тиражот, вообичаени во овие несигурни времиња на транзиција).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
8. ШТОМ ИЗЛАЖЕШ ЕДНАШ, НЕ ТИ ВЕРУВААТ ДОВЕК - теориски би можело и така да се каже, во практика, пак, еднаш му поверуваш на човек а потем до смртта тој сѐ туку те лаже ...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Имајќи ја предвид специфичноста на фактите и природата на наводите во ваков тип на случаи (...), во практиката би било многу тешко жалителите да докажат дека имало дискриминација, без преминување на товарот на докажување“ (Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, „Основните граѓански и политички права и слободи“, 2014, стр. 44) 81 91 за заштита на учесниците во постапката за заштита од вознемирување на работно место и (7) не го премести привремено вработениот во друга работна просторија или работна средина.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Ваквото драстично и непропорционално зголемување на роковите во практиката ќе биде во голема мера на штета на работникот и ќе отвори дополнителна можност за злоупотреба од работодавачите, посебно насочено кон оние работници кои ќе решат да му се спротистават и да се изборат за своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
134 За еден правен лек да биде сметан за ефективен, тој не треба само да звучи така теоретски, туку треба да биде и применлив во практиката и да се гарантира дека со неговата употреба нема дополнително да се пролонгира постапката за заштита на загарантираните права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Настојувајќи на своето право на тој статус, сепак, успеале да се здобијат со апсурдна и, очигледно, лажна, но, во практиката, мошне делотворна слобода да си ја преведуваат личната и заедничката болка во демонстративен, поборнички општествен облик и да поставуваат импозантна изведба на јавно жалење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Добро се снаоѓаш во теоријата, на маса. Ама во практиката, на сцена?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Така, колку повеќе се отуѓуваше од своите колеги на работа што се придржуваа до востановената методологија во практиката и до малограѓанскиот начин на животот, Миха сѐ повеќе се доближуваше до шареновидниот и контроверзен свет на јавниот и културен живот, движејќи се во него како риба одгледана во аквариум, а пуштена во отворени води.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тоа ми е услов, иако во практиката не ќе ми треба.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Бидејќи со Законот за работни односи од 2005, исто како и со Законот за работни односи од 1993 година, не се регулира оваа материја, правото на работниците на учество во управувањето со акционерските друштва и друштвата во државна сопственост фактички е сведено на празно слово на хар- тија, без соодветен законски механизам за негово спроведување во практиката.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Кај јавните и државни претпријатија, кои отпуштаа работници по овој основ, во практиката често се применуваа партиски критериуми – на големо незадоволство на отпуштените, како и на јавноста; • што се однесува до измените од 2000 година, со нив: прво, целосно се укинаа погоренаведените критериуми што требаше да се запазат кога масовно се отпуштаа работници; и, второ, се промени одредбата која пропишуваше дека тоа треба да се направи во согласност со колективните договори, со формулација дека тоа ќе се утврдува врз основа на колективните договори на ниво на работодавец или гранка (значи, веќе не со општ колективен договор) и „доколку работодавецот има потпишано таков договор“!? (чл. 6, ЗИДЗРО/00). 24.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Така, Дерида спекулира, “претпоставувајќи една игра од форми без една определена и непроменлива супстанција, претпоставувајќи, исто така, во практиката на оваа игра задржување и заштита на разликите, опросторување и овременување, една игра на траги”.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тој не е во состојба да разликува што е невистина, дали е вистинита таа информација, дали во практика е објективна.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
„Така си е тоа погледнато од твоја перспектива, ама ако си во положба да учествуваш во некој комлексен зафат, а уште повеќе - да одлучуваш - тогаш ќе согледаш дека теоретските согледувања често не се споредливи во практика.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Четвртиот ден од свадбеното патување се раѓа од ништо идејата за развод и те држи сѐ додека не почнеш да го практикуваш, она што во практиката на свадбеното патување не е практично да се практикува.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Бројни се дипломатите, кои на овој начин ги откриваа непријателските замисли и потоа ги оневозможуваа; бројни се воените раководители, кои со истата метода ги добиваа битките или навремено бегаа.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Јас, од своја страна, откако го испитав ова средство во практиката, можам да засведочам дека сосема неодамна, деновиве, благодарение на истото, ги разоткрив неисправностите во службата на началникот на полицијата и заради тоа, го отстранив од должноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)