во (предл.) - правило (имн.)

Ова природно води кон втората точка која сакам да ја покренам, и која се однесува на резултатот од прашањето за степенот на неопределеност кој може да се јави во правилата кои се конститутивни за значењето без да биде загрозено заедничкото разбирање на изразите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Она на што Витгенштајн сака да му се спротистави, е барањето изразено преку тврдењето „доколку има некаква нејасност во правилата, тоа воопшто не е игра”, или барем дека тоа не е „совршена” игра (PI, I, 100).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Можеме да се согласиме дека јазикот, општо земено, е раководен од правила, но да допуштиме дека смислата на еден израз, сепак може, во извесни употреби или околности, „ова или она да го остави отворено” (PI, I, 99).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ако дистинкцијата на Хејс беше одржлива (јас очигледно се обидувам да покажам дека не е), тоа би значело дека (1) Тјуринговиот тест бил невалиден, бидејќи програмата што поминала наТТ можела да биде имплементира на „погрешен” начин, и дури дека (2) Тјуринговата еквиваленција не била доволно еквивалентна, и покрај пресликувањето еден-еден, состојба во состојба симбол во симбол, правило во правило, помеѓу „реалното” имплементирање и псевдо-имплементирањето бидејќи некои од овие пресликувања биле на некој начин „погрешни”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но како што исто така одбележавме, разбирањето на правилото не е толку „инфинитарна” работа, и оттаму, интенционалистичкото гледиште не имплицира платонизам.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)