во (предл.) - потсвест (имн.)

Ама друго беше тоа и тогаш. Тогаш некаде во подсвеста знаев и ме радуваше што ќе го дочекам ова од кое сега така безглаво ви побегнал.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако „Ох, Калкута!“ ја потиснав некаде во потсвеста, во пријатно сеќавање ми останува спектаклот во „Олимпија“, во оној париски театар каде што на сцената и пред микрофонот можат да се јават само признати шансониери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И, ако се толкува сонот како потиснување на можното во потсвеста, како негова спротивност, да речеме дека Мирон Донски решил да го оддалечи Татко од сиџилите...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се обидуваше, па дури и во потсвеста, да бара аргументи со кои ќе ја релативизира и оваа одлука, препуштајќи ѝ се на судбината, како на краен фатализам.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Доктор Миха никаде и никогаш ја немаше учено таа наука, но ако не во големиот, барем во малиот мозок му останала уката уште што му ја предеше фурката во потсвеста - преѓа од татковска вина и пајажина од грижа на совеста.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Рози му беше постојано во мислите, во потсвеста, му го исполнуваше битието со нов сјај и богатство.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја зграпчи помислата дека сега таа му е сопруга и се обиде овој факт, да си го стави длабоко во потсвеста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Во минатиот век, особено во наше доба, во напорот да се докучи смислата на првиот допир, да се согледаат одново острите граници и јарки бои со помош на кои првата слика се населува во потсвеста, голем список меѓу нив и творци од епохално значење за творештвото, направија обид да создаваат и по пат на психеделичкиот фактор.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Молчешкум ќе завиваме во потсвеста на противникот, кој ни го сече патот до успехот на нашата пасија...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
- Господе, уште еден сон длабоко ми се врежува во потсвеста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бргу, бргу! Во потсвеста некој командува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Шумеше во потсвеста зрелата `рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше под маглата од која испловуваа меки кадри со исто таква боја.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Аполинер 1911 неправедно беше обвинет дека на некој начин е вмешан во кражбата на Мона Лиза од Лувр.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јунг повлекува мошне интересна паралела меѓу поимот на огнот и потсвеста, во својот коментар за мистичните патувања на алхемичарот Михаел Маер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ако ни биде дозволено да ја парафразираме Јунговата анализа, би можеле да речеме дека тогаш кога Duchamp “свесно” почнува да минува во потсвеста, нему му станува “врело долу”, бидејќи ја открива Невестата (т.е. она што се нарекува анима, потсвесниот женски принцип што постои кај секој маж).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Претпоставениот крадец и украденото нешто се идентифицирале во потсвеста на Duchamp, на истиот начин на кој Мона Лиза беше идентификувана со Duchamp, а потоа и со Аполинер.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Шумеше во потсвеста зрелата 'рж, стануваше разбранета во играта на светлоста, се претопуваше во магла од која испливуваа меки кадри со исто таква боја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Врежана во потсвеста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но нешто длабоко во него се бореше, дури во потсвеста во кодот составен од татковите и мајкините гени, овековечени во неговото битие со татковиот ген на егзил и мајкиниот ген на останувањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На еден поширок општествено-историски план, од Фројд навака е познато дека ако долго време непријатните факти од стварноста се потиснуваат во потсвеста, тие со стократна сила ќе избијат во свеста која, меѓутоа, нема да биде способна да ги препознае, прифати, и да ги контролира со рационализација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Имаше потреба сето тоа да го извади од себе. Премногу ѝ тежеше. Потиснато некаде таму. Во потсвеста. Со никого несподелено. Никому нераскажано. *** ...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Татко сакаше на својот нов пријател да му ги соопшти резултатите од потрагите во потсвеста, зајакнати од силната интуиција: посебно за паралелите што ги откриваше помеѓу движењата на империите на Балканот и циклусите на миграциите на птиците и рибите, и посебно на јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И уште еднаш си потврдуваше во потсвеста дека како што не може истата вода повторно да се врати на истото место, така беше невозможно и неговото враќање.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секој од нас ја имаше потиснато длабоко во потсвеста сликата на променливата граница.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, нели, сврдлињата во потсвеста работат по туѓи наредби но и со посебен ритам и притоа бркаат и некои свои интереси!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако еден од суштествените совети на доктор Пачев гласеше: Ако држиш до своето здравје па дури и до разумноста заборави ја проклетата потсвест.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе ја цицаме бебешки, на искап природата, леунка на неопределено време секнатите извори ќе потонат нагло и во потсвеста ќе ни бликнат отнати надојдени, кивни: веќе не само води на претек туку предзнаци.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Страв и восхит Претпоставка: Македонскиот крал премногу го сакал светот и премногу можел и премногу претчувствувал немал време, хронично немал но сепак доволно за да ги поремети дозите предвидени за рамнотежа на Просторот, и самиот без смисла за умереност - хармонијата е нешто друго, сосема само предозирана волја, отровен концентрат само неповторлив порив, рев по далечното - туѓината како вечно искушение! само силна страст по странствување per se, дури и во јазикот само вродена дарба да и’ се тутне на смртта грациозно, пагански под здолништето додека Оваа си игра божем случајно криенка-миженка митска мижитатара само сензибилитет за походи општа хиперсензибилност - просто да се спростре врз далечниот Исток ко полна месечина на полноќ - просто да го освои светот како туѓа жена со чувство на нелагодност а забраната стимулира срна истрчува на пусија во заседа, балканско дувло империјална глутница избришани, заташкани траги имагинарно писмо толку голема моќ што се втиснала во потсвеста за век-и-веков жиг на восхит и страв од повторување од повторување на судбината...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Булки на ноќта Булки црни и жолти во потсвеста на ноќта; Гранки влажни ноќномирисни; Блесок во ноќта: се лулаш пред високата липа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
И кога конечно решив да патувам, бев начисто и во свеста и во потсвеста, дека треба да ги напуштам сите сомневања, на загрижените за мојата иднина на обете страни од границата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но кој да навлегува повторно во спиралата на старите мисли, нека останат длабоко потиснати во потсвеста за да избијат еден ден во книга!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Толку ми влезе тоа во потсвеста, па демнев и јас конечно да го најдам мојот човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)