На војниците, лошо хранети, лошо облекувани и лошо обуени, во опинци, повеќе им се исплатуваше да останат во населба и како знаат и умеат да доаѓаат до храна, топла облека и покрив над главата, а офицерите, повеќе политичари одошто војници, место да поведат сметка за војската, сѐ преземаа за да ги уништат Началствата, она во Потковицата и од околните села.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Тоа, што не го завладеаја Чауле и околните ридови, и што беа погани со народот и со луѓето од началствата, на Србите луто им се одмазди. После, во првата Голема војна.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Оттогаш па до ден денешен во Потковица никој ништо не слушнал за него, за Васја Штербицки, Русинот, татко ѝ на Тањушка, чуварот на пругата од Бакарно Гумно, односно Пере Тошев, во Второто бугарско.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)