Мудурот, мифетишот, ќатипот, мулазимот, даскалот Бино, Колобан, Суло колџијата и коџобашијата Трајко Лесната, слегоа од балконот на Влашкиот ан, откаде од високо денеска го гледаа орото, и, нога занога, сите џумле, влегоа во портата на коџобашијата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Ни ќар ни зијан, — рече Трајко кога си дојде со новата невеста, — една од порта, друга в порта.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Има три мали пенџериња (едното гледа на југ, на дворот и гумното, другото, западното, преку сокакот на авлијата и во портата Јаузоска, и третото гледа на север на сретселото: четвртиот, источниот ѕид е внатрешен и ја одделува одајата од другите простории во куќата која е сета на едно рамниште - приземна) и сите три се зарешетчени со железни прачки дебели колку прст.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Бабата Цвета како без душа дотрча и се појави на вратата, но кога ги фрли очите во портата и каленцето, имаше што да види: — навртени цевки од пушки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Бабата се заврте назад и сакаше да влезе во одајата, каде што се смееја Шаќир и Ѓуро, но тие веќе беа нарипале од тропањето на портата, а гласот од чаушот ги запрепасти.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но тој е веќе во своето сокаче, еве влегува во портата, ја заклучува како без душа, ја опира со грб и премрува наслушувајќи.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Луѓето втрчуваа во портите како зајаци.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Погледна во портата што се отвораше, подзастанувајќи како да е дојден да го пречека оној што оттаму ќе излезе и, истовремено, сеќавајќи се на песната „Таму кајшто има високи балкони, таму има, убави кокони“.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Попричекаа неколку минути, но ниту дедото ниту внучето не влегуваа в порта.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Аџиите и забитот ги извадија пиштолите и ги навртоа во портата, но за секој случај, крајно претпазливи, се тргнаа еден лево, двајцата десно да ги избегнат првите куршуми во случај некој од бунтовниците да стрела.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Уште повеќе ја запизмила паштерка је, арно ама немаше што да је чинит, чунќи господ ја милуаше неа, ако беше сирота.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Едно влегло в порта и едно прогоорила му испаднало змиулче од уста.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)