Почнаа да се гледаат двајцата во полумракот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Сега му е на Марка одеднаш непријатно да си го спомнува тој момент, кога овој се исправи и тргна по ходникот, во полумракот на станицата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Марко сега одеднаш се сетува како горко се погледаа, но му стана жал за него, наежен и стресен, во полумракот на аулата.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Од балконот, сеуште во полумрак, бледата надреалистичка девојка, со лекорако движење го подига косопрамот над очите.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Грбот, задникот и бутовите ѝ беа добро исончани и темната боја од телото полека се претопуваше во полумракот кој ги бришеше рабовите на предметите во хангарот.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Прв пат таа ноќ можев да ја видам пред мене во полумракот како нестварна жена во стварноста што ме давеше, со необично издолженото лице под расфрланите коси што се сплеткуваа со сенките од букетот во високата вазна поставена во аголот на собата.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Тројцата старци со слаби, тесни раменици пловат во полумракот кон прашината на градот.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
„Сакате ли да умрам од смеа?“ темно ги праша. „Мислите ли дека ова е приватна штала?“ „Само оваа ноќ“ , молбено го погледнаа, во полумракот лицата им се претворуваа во остри и издолжени носиња.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Долгите нозе во свилени црни чорапи застанаа пред него, во полумракот на собата во која беше заборавил да запали светло.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Ќе си ги расипеш очите во темницава“, му рече таа.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Знаеш јас го произведувам афрото! - се пофали Бојана, а зелените очи и засветкаа од радост во полумракот на кафулето.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
...тој е во полумрак, до ѕидот, завртен со грб, делумно засолнет од масата со пепелник, кесе полно со јаболка и грамофон на кој се врти блуз.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Шибна чад од цигарата, се разретчи и остави зад себе мрак во полумрак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Непријатно крцкаше во полумракот и молчеше.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Го гледаше своето лице во големото огледало на ѕидот, мрак во полумрак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во првиот план потентниот мажјак, во монументалната поза на херој на татковината, нагрнат само со пресветото национално знаме и накитен со сите знаци на со насилство изборената национална слобода и неприкосновена политичка моќ, а одзади, во полумракот, онаа што ги трие неговите крвави гаќи само повремено подигнувајќи го заљубениот поглед полн со восхит и бесконечна верност.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Навика да се биде во полумрак! Дволичност - малограѓанска мера за видливост! Во прашање ли е аголот на толкувањето?
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)