Одвај ја завршувале жеснаесеттата, седумнаесеттата, ретко некоја дваесеттата, небаре праски што окапале цут, па почнувале да раѓаат, береќет да собираат и во покорност да ја премолчуваат својата љубов и својата тага.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секој од беговите – поединци имаше по чифлизите свои луѓе: ќаи, буљукбашии, сејмени, гавази, чауши, и којзнае уште колку други ушаци, маѓери, арамбаши, субаши, кои ја составуваа неговата лична одбрана и сила, со која ги држеа во покорност сите христијани по своите чифлизи.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)