Моите пријатели - сликари, писатели, интелектуалци - живееја во среќна опозиција на режимот, сите дисиденти, сите во подземје...
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
А на брзо збогатените далаверџии во подземјето на градот како да им недостигаше уште играта со старите и достоинствени балкански џентлмени, па да бидат со сите токму, признати во чаршијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но, и тој, машкиот чувар, умее да го намами Едипа кон горе, обезбедувајќи го трагичарот да не потоне во подземјето на сенките.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Вака ако затера, богами, виртуози ќе станат, авторитет на лажните појави, таложејќи си го по страна својот капитал, како сталагнити или креч создаден молкум, полека како во подземјето на глечерите во македонските длабоки јами, многу далеку од очите на работничката класа.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Ниту другите земји ќе се ослободат од насилство и терор сè додека кокаинот и хероинот таму се произведуваат од страна на картелот криминалци. Политиката на делумна забрана би ја задржала и од морална гледна точка сомнителна пракса на затворање луѓе кои директно не ја загрозуваат околината. Таа и понатаму би сместувала во подземје еден првенствено здравствен и општествен проблем и би жигосувала поединци кои поради тоа не би можеле да дојдат до потребната помош. Истата таа политика би ги обесхрабрувала медицинските истражувања и ширењето на информации во врска со опасностите од уживање на дрога.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
На пример, една актн-чанта полна со синтетички хероин би можела да ги задоволи годишните потреби сите њујоршки зависници. Америка никогаш нема да биде во состојба да го запре прометот на толку мал производ меѓу купувачот и продавачот, а да остане слободно општество.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
За првпат ги среќавам Кид Таломајд и Св.Витус во Поп-Видео Аркада (Попс Видео Arcade) во подземјето на Минеаполис. Ми земаат неколку долари за жетони и играат две-три игри од „Симпсонови“, неколкупати ги притискаат копчињата и на резултантната табла ги добиваат броевите еден и пет.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Андерграунд уметникот е како Сократ - филозоф и мудрец во своето тело и во реонот на својата перцепција; доколку андерграунд уметникот биде вознемирен и испровоциран од масите тој уште подлабоко бега во подземјето.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Појде и одеше со мене, додека не дојдовме таму каде што завршуваат патиштата на грешните, во подземје гробно, пред одајата западна, кобна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Неколку минути потоа, веќе слегувавме кон западната одаја во подземјето на храмот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Со забелувањето на утрото, брз како невестулка, се пушта во подземјето и таму неколку часови, не знаејќи за мера, паѓа во полна исцрпеност на своите сили.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
3. Горниот свет
Неартикулирана камена композиција
втисната на Гарван, черна древна птица
затскриена зад брезите, дабојте, черешните
меѓу трепетливиот и див отсјај на небото
двосмислена како поетски знак
и живописна
а ние -
недораснати да ги разбереме
мегалитските, сакрално елементарни
глетани семи на минатото
само ги посакуваме, и -
приседнуваме на Плочите
небаре во неправедно студениот
скут на Господ
кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу
во подземјето полно мицелиум
и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе додадам уште дека сум сигурен оти не ќе можевте лесно да утврдите дека се наоѓам долу, во подземјето, ако пројавевте желба да ми се придружите барем на една од прошетките низ овој лавиринт.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во секој случај, таа средба, со сенката или со вечно живиот благородник и патриот Никола Леко кој изгледа редовно навраќаше во подземјето од далечната 1592 година (не поверував кога се сретнавме дека и Господ го осудил да престојува овде) за мене претставуваше голем настан бидејќи верував дека со негова помош ќе можам да потврдам или да преиспитам некои од сознанијата заради кои и се најдов во безизлезот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Превод од англиски: Македонка Божиновска __________________ 2 На мудроста ништо не ѝ е поодбивно од прекумерната остроумност – Сенека (заб. на прев.) 3 Логичка грешка поради нецелосно среден поим (заб. на прев.). 4 Sébastien-Roch Nicolas de Chamfort (1741–1794), француски книжевник (заб. на прев.). 5 Можете да верувате дека секоја општоприфатена мисла, секое утврдено правило е глупост, бидејќи му припаѓа на мнозинството (заб. на прев.). 6 Сила на инерцијата (заб. на прев.). 7 Сила на забрзувањето (заб. на прев.). 8 Лесно спуштање во Аверно; езеро близу Неапол кое поради мрачниот изглед и сулфурните испарувања, старите Римјани го сметале за влез во подземјето (заб. на прев.). 9 Ужасно чудовиште (заб. на прев.). 10 Атреј, крал на Микена.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мозокот беше издупчен и изваден од своето коскено лежиште, нервите извлечени, како мртви жици од контролна плоча, мускулите истегнувани за да им се измери еластичноста, додека во подземјето на градот, Умот конечно не заврши со своите пресметувања и севкупниот механизам чудовишно и одненадеж не застана. Резултат. Ова се луѓе.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)