во (предл.) - подготвување (имн.)

Навистина чудно, незамисливо, каков вкус, провидни златести кори, обични вметоци, а каква мистерија на вкусот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Копал ту со едната ту со другата предна нога и се опирал со задните во подготвување да се пропне.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На состанокот решија сите членови на секцијата да учествуваат во подготвување на теренот за шумата на првачињата. Одговорни ќе се близнаците - Иван и Ивана.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но имаше и вистински ветерани на професијата, кои сакаа да служат до последните денови на животот, барем посредно во подготвувањето на нивните наследници во земјите во кои некогаш тие значеле многу повеќе отколку вратени во земјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но најголем мајсторлак покажуваше во подготвувањето на зелените смокви зовривани во девет води.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Старата соседа Воскресија, и таа се беше внела во подготвувањето на вечерата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, не го заборавај, мил мој, мајсторството во подготвувањето, за тоа се потребни многу, многу години за да се дојде до вистинскиот вкус, се надоврза госпоѓа Камилска.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)