во (предл.) - победа (имн.)

Меѓу другото во него ќе истакне дека „никогаш во животот не сум видел толку висок морал како кај вашите борци во нашиот заеднички поход“ како резултат на „вербата во победа“ и „вербата во своите раководители“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Брзо ја сфатив мојата улога (сега во обратна насока од претходната), но улогата на Шефот ми стана сосема нејасна, особено откако ми рече: „Поразот мора да го претвориме во победа.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Каков пораз сокриен во победата!
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Ме интересираа многу повеќе други и спротивни работи, како на пример: Што е она што следува по сите можни порази, кои се наметнуваат дури и во победите?
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Та тој не можеше поразот на своите дедовци да го престори во победа, ниту пак можеше да ја замрази мајка си оти нејзините баби некогаш им биле дадени на истите тие дедовци, за овие да ги заборават своите искасапени деца и жени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Таа е непогрешива, убедена во победа.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Престојот во Моравија долг околу три и пол години за Константин и за брат му Методиј се претвора во победа над мислењето за тројазичноста на Богослужбата, со воведување на словенски јазик во Црквата и со постојани спорови со месниот клер, кој неуморно ги попречува браќата во нивната дејност.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Веќе поучен од претходните искуства - например, од успешната Хазарска мисија, Константин темелно се подготвува и за оваа, ја создава првата словенска азбука според постоечката грчка, преведува неопходни богослужбени книги и заминува во Моравија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само очите да ги затворам и пред мене ќе се појават лицата на тие луѓе кои со големи, остри, пламени и жешки зборови, преполнети со нескротлива омраза кон непријателите и верба во победата, зборови кои ечеа како рофји и се растураа и растегнуваа како секавици, паѓаа врз нас како громови врз карпи и длабоко се врежуваа во нашите распалени глави, ја јакнеа и крепеа нашата вера и нашиот борбен дух.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Бевме ентузијасти и големи верници во победата. Така беше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Да... Тогаш и пркосевме на смртта со нашата голема и неограничена вера во победата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уживаш ли во победата?
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Може слободно да се рече дека сѐ што овде историјата, во своите чести брутални бранови, заматуваше во водите и душите на луѓето, во победите и падовите на империите, во налетот и манипулациите на идеологиите и неизвесноста на конверзиите, Езерото со својата магично обновлива чистота разбиструваше, ја осветлуваше надежта и во најмрачните времиња...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Искуствата на нашите советски браќа, на чело со Сталин, кои со милионски жртви ја одиграа пресудната улога во победата над фашизмот и во ослободувањето на народите, треба секогаш да ги имаме предвид.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ентузијазмот и вербата во победа го водеа напред!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)