Понекогаш можеби и го фрла скришно.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
(Патешествијата на Кривошееви и на многу други фамилии раселени од огништата во Грција до болка се раскажани во романите на Ташко Георгиевски... во Плочата на животот е објавено и писмото што дедо ми Борис од Ташкент и го пишувал на баба ми кога таа со неговите три сина живеела во Гаково).
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
И предци и потомци На Јордан Плевнеш Ноќва, вкопан во плочата на Сахара, во нејзините црвени африкати, осознавам дека има земји претерано неми, во кои нема што да се откопа - ни коска, ни писмо, ни прстен, осознавам, значи, дека има претерано неми земји кои сами себеси си се кучиња - чувари.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Затоа, да ѝ запееме на семенката, да им запееме на оние кои само копаа и прекопуваа и кои сѐ подлабоко ја сокриваа и заштитуваа иднината.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Геле Колишев, деверот на Богородица, ја стиска мандолината со колената, грбот на столбот до него, а очите во плочата.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)