Затоа Дејан е во Маргина, а сето друго - е медиј и неговите потреби за анализирање и класифицирање. (Abbe Buzoni) маргина интервју: дејан дуковски разговорот го води: Abbe Buzzoni м Дејан, моето прво прашање е: дали се чувствуваш како успешен?
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Т.е., во светлината на овие нови околности - во Белград Унковски извонредно успешно го постави твојот текст, во Братислава исто се подготвува „Буре барут”, во план е филм, еден веќе имаш зад себе, неколку прилично забележани театарски претстави...
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Имаше многу безлични провинцијални групи, кои доаѓаа во валкани автобуси.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тие не викаа, не паничеа, туку ја прифаќаа смртта трпеливо и безлично, како таа да влегува во планот на екскурзијата, меѓу посетата на локалната тврдина и етнолошкиот музеј.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Нема никакво сомневање дека во планот на вилата Орсини во Бомарцо е скриен лавиринт.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Почнувајќи од овој момент, вели Лефевр, а тоа е мигот на самиот пресврт во кој урбаната цивилизација ги прекрива хоризонтите на светот, животот, „Градот се потврдува. Тој се впишува во плановите. okno.mk | Margina #26-28 [1995] 158
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Вториот проект во план е перформанс на Дојранско езеро, некако да се обележи тоа исчезнување, таа игра на простор и непростор... Дали те мачи проблемот, што јас некако го согледувам, дека твојата креација страда од она што Авицена го нарекува не-гледање?
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Инаку, имам во план еден проект на Мавровско езеро, ја знаеш онаа црква среде езерото, која е потопена, но чијшто крст на врвот понекогаш ѕирка од водата.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Решението за престанок на работниот однос го донесува директорот на јавното претпријатие, против кое работникот има право на жалба до управниот одбор во рок од 8 дена од приемот на истото (чл. 37ч). 110 ЗАКОН ЗА СТЕЧАЈ Законот за стечај (ЗС) е донесен во 2006 година,108 со што престана да важи дотогашниот Закон за стечај од 1997 година.109 За периодот на нашата анализа (2010 – 2014), новиот Закон за стечај има претрпено вкупно 4 изменувања и дополнувања.110 Со рогацијата од април 2011 година дојде до намалување на износите на глобите предвидени за должникот – правно лице и одговорното лице на должникот – правно лице, (чл. 6 од ЗИДЗС/апр.11) трговецот – поединец и одговорното лице на трговецот – поединец, (чл. 7 од ЗИДЗС/апр.11) а беше воведена нова казнена одредба за стечајниот управник кој нема да внесува или неажурно ќе ги внесува и доставува потребните податоци. (чл. 8 од ЗИДЗС/апр.11) Со измената на Законот за стечај од 31.05.2013 година е предвидено дека одлуките за објавување на повик за одржување на собрание на доверители, како и известувањето за вршење увид за во план за конечна распределба на средствата и известувањето за вршење увид во табела за утврдени или оспорени побарувања се објавува на веб страницата на Централниот регистар на РМ и во еден од трите најтиражни дневни весници кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија. (чл. 3 од ЗИДЗС/мај.13) До дополнителни измени дојде и кај побарувањата од повисок исплатен ред кои дополнително беа дополнети и со придонесите за здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност. (чл. 66 од ЗИДЗС/мај.13) Третото и четвртото изменување и дополнување од ноември 2013 и февруари 2014 година не донесоа некои позначајни промени кои се поврзани со остварување на правата од работен однос. 108 Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Сандо од обезбедувањето ми рече дека обвинетиот двапати се обидел да ѝ се приближи на Јана, дури и да стапи со неа во контакт.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ако се покажат точни овие претпоставки истрагата и обвинението може да се прошири и на тие моменти.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека во плановите на оваа потрага било вклучено и следењето на ќерка ми Јана.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Господ нека ни е на помош”, помислуваше Лука Карер, не знаејќи каква улога ова јонско копно ќе игра во плановите на завојуваните страни.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Беше поставен помеѓу налозите на окупаторските сили и сѐ поголемите потреби на населението.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Сакав да ѝ напишам за мојата намера еден ден да пишувам токму на темата на жртвувањето, во план имав таков роман, тоа беше Балканскиот жртвен јарец, но остануваше едно прашање од романот Татковите книги кое таа често го поставуваше, а јас постојано се обидував да ѝ одговорам, во очекување на вистинска можност...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Следниот чекор во планот на Ѓорѓија беше да ја заведе симпатичната сосетка на културен план.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Подобро речено, раскошни, се поправи тој.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
ЉУБИ, ЉУБИ КОГА СИ ВО ЉУБЉАНА љуби, љуби кога си во љубљана трипати љуби еднаш број кога си на тромостовје љуби на куб, љуби трипати на куб љуби, љуби шестпати по шест љуби колку што можеш да испиеш кригли пресно лашко во гостилницата шестица на улицата која до вчера се викаше титова замижи машки и љуби, љуби кога се качуваш со лифтот на врвот на неботичникот во центарот на градот којшто мижи кога љуби и кога ќе отвори очи цел живот ќе игра мижитатара љуби, љуби кога си во љубљана запни како кога се дава вештачко дишење уста на уста и ич не бери гајле што те сметаат за заостанат во развојот љуби, љуби кога си во љубљана и кога бараш ново скришно место за љубов иако има многу корпи за отпадоци ти сепак фрлај ги зрнцата од љубење по улиците за да знаеш по кој пат да се вратиш љуби, љуби кога си во љубљана овде никому не му е особено важно каква боја мирис и вкус има љубењето а не е во план и изградба на музеј на модерното љубење во кој ќе гори заборавено а ѓоа вечно оганче што ќе го подгрева здивот на засипнатите славеи а штом ќе нема музеј ќе нема ни модерни гатачки пред портите на музејот кои низ дланка ќе ви буричкаат низ иднината на љубењето како надминато минато љуби, љуби кога си во љубљана и ако цапнеш во некоја дупка на млечниот пат по кој се пентраш до емона речи си пу-пу машала ќе си најдеш ново љубење а на врвот на ридот секако ќе ги најдеш прешерн и неговата јулија како сркаат врел планински чај и на љубопитните им шиткаат бројаници од бакнежи и од мигови колку мигови трижпати повеќе бакнежи сите да ти велат ти да не веруваш ама така се рекло и нека биде така како што се рекло дека лично прешерн излеан во бронза крај тромостовјето севезден им врти грб на старите и штрби баби тадури и и’ го плазел јазикот на тишината како оној разбушавениот ајнштајн кој си го изгорел јазикот баш во хирошима и нагасаки којзнае дали тоа го рекол баш ајнштајн ама љубел не љубел времето си врви љуби, љуби кога си во љубљана љуби без наситка остај си малку време да се сликаш пред магистратот со лидија димковска и алеш мустар кои рака под рака влегуваат во мирисот на секое цвете и растат, растат миризливо љуби, љуби кога си во љубљана и да папсаш утре пак ќе ти се љуби љуби, љуби кога си во љубљана и имај на ум дека никој не знае што носи утрешниот ден и дали баш ќе биде нов ден ново љубење љуби, љуби кога си во љубљана и не заборавај дека си на запад, во европа каде што денешната работа никогаш не се остава за утре.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)