- Не ставаше во пивото некоја чашка ракија? Не повраќаше на униформата?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Една декемвриска ноќ, додека меланхолично уживаа во пивото „ Гардист“ и снегот кој пополека си паѓаше како на евтина новогодишна разгледница, дваесет години постариот Дејан му ги раскажа на Александар исцрпните биографии на повеќето колеги од секретаријатот. – Алек во животот никогаш не знаеш што ќе ти затреба...
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Геро во истиот момент ја истури ракијата во пивото и му ја врати на келнерот за да ја однесе со подавалникот - како ништо да не било, освен што во неговата кригла спласна пената.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)