— Ти, — ѝ рече на Митра — собери си нешчо од плачкуринките, а опаши си го ќемерчето со паричките и во петок со пазар џиите слези до Прилеп.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Написот што Нешнал ривју го објави на својата страница во петокот на 17 март 2000 година го презеде Вашингтон тајмс и така растревожи низа десничарски организации.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во полноќта дојдоа три жени.. Првата св. Петка Римјанка Втората Св. Петка Иконија Третата Св. Петка Епиватска (ПЕТКОВ ДЕН) сите во петок родени, ден запишан ден запамтен...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
За да се зафати, во петок и сабота навечер требаше да се заземе уште пред зајдисонце.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Туку, не ја гледам Рада? Та нели во петок има помалку часови, - прозборе Никодин.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Во петокот Рада имаше најмалку часови, па тој ден ѝ беше наменет за средба со Роска пред „Нама“ во центарот на градот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А за одењето во Прилеп, дали ќе стане в петок одвечер или в сабота зараното, ќе ви се каже.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ако не може поинаку да биде, а гледаме дека не може, не можеме да го пречкртаме Хаџи Ташку да не ни биде свештеник, вели Никола Јанчески, да го потпишеме писмото и да се здоговориме како ќе одиме и кога ќе одиме во Прилеп, - в петок одвечер или в сабота зараното?
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Од понеделникот до петокот така. Во петокот, кај пладне, како да се поврати детето од неевестицата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Паркетот во салата светеше како тинејџер кој претерал со гелот во петок навечер, и Александар го јадеше јанѕа дека ќе се лизне на измазнетите штички.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Очекуваше реклама за новата поефтина тарифа, обично такви пораки испраќаа мобилните оперетори во петок.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Го заврши писмото и ѝ го подаде на сестра си: „ Тине, само една молба: те молам оди во петок во 18 часот на клупата кај сато и дај му го писмово“ и легна во креветот додека од очите и извираа солзи.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
На мајка си ѝ соопшти дека во петок е на хор.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Ќе те чекам пред „Манаки“ во 15.55 часот, во петок попладне. Ако не можиш те молам пиши ми.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Можеби повторно во петок? После твојот хор?
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тоа беа сигурно редовните гости на Каплан-паша, кои во петоците идеа овде на теферич и за да си ставаат жените ума и к'на, додека месата им се греат во топлите извори.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Само во петоците не доаѓаше, кога авлиите се полнеа со чези од турски гости од градот, кои идеа на чист воздух и на поседок.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Ама баш затоа таа отиде кај него, и тоа баш во петок, кога муслиманите празнуваат и голем дел од нивните дуќани, крај кои таа мораше да помине, беа затворени.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Во петокот, Марија, скоро еден час стоеше до прозорецот од кој се гледаше главниот влез во дворот на болницата.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Ги испрати Велика во петокот и изутрината со поројници солзи и зачека со свиткано срце од неизвесноста.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
И тргааа уште во четвртокот, за да пазарат во петокот без пазар, со парите во ќесињата.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Токо... донесоа ли сношчи некои поскури за литургиа, нарача ли ти немни во петокот?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ги беше собрал среде Поградец еден ден, во петок, на одбран ден, сите градски моќници.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
После четириесетитретата, неговата средба со Маре во петокот и во саботата беше прва и последна.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Во Горно Морино ги преспав само ноќите во петокот и во саботата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Следниот ден, во петокот, Павле пак се оддели и се меткаше околу оградата без појадок.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Го вадевме обично само во петокот пред вечера за да ја спремиме опремата, да ја закрпиме со голема претпазливост целата основа, диплите, заштитните обвивки, врвците ја исполнуваа минијатурната гимнастичка сала, свилата се дуеше на провевот. (стр. 343-346) (... )По два пробни месеци Куртиал совршено разбра дека на друго место никогаш нема да ми се допадне...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сакам посни сарми во петок, мрсни во сабота.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Во петок имаме тест. Денес на професорот му донесов домашна работа.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во петокот се засакавме, во понеделникот се скаравме. И пак е среда.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Паметам, беше четврток спроти петок кога од Небије дојде аберот оти утредента, во петокот, бегот ќе го носи валијата на лов во планината над нашето село.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Како што се договорија, во петокот вечерта, бидејќи авторот пристигна во Воден и фати соба во хотелот уште доцна попладнето, тој седна во градината на ресторанот над Водопадите и ја чекаше пиејќи го последното кафе за тој ден, а потоа, по обичај, премина на бело вино.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Кога не сум со нив и кога ќе се вратам од Маврово, треперам да не ми кажат колку фантастично си поминале, па жива да се изедам од мака.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
И Снеже, и Тања, и Мацка, и Весна се едногласни: претерувам со Маврово и испуштам важни настани, а тие редовно се случуваат во петок и во сабота навечер.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)