Со ракавот ја избришав потта од челото и лицето и одново се вдадов во стружење се додека не го истружав слојот до последната буква, која е првата во паролата што тука, под трите слоеви вар, чмаеше цели шеесет години.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се тргнав понастрана, седнав на подгниениот трупец и загледан во паролата, по подолг молк, гласно се запрашав: колку ли уште вакви и други пароли ги красеа овие грозни ѕидови и на бој ги повикуваа обездомените?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)