во (предл.) - паника (имн.)

Ама бидејќи се толку брзо се одвиваше, не можејќи во паника да ги изброи, туку само ги следеше, не успеал да забележи дека дел, неколцина, од пустите Турчишта, на кривината низ шумата се одвоиле од другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Јас не бев за во пеколот, си велам веќе целиот во паника.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Се прпелкаше, се мачеше борејќи се за воздух, а другите во паника што ќе останат без лидерот, ниту знаеа, ниту можеа да му помогнат.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Маалото се разбуди во ненадејна возбуда, а таа раснеше во паника што се пренесуваше од двор во двор во маалото.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Според тоа, бев во паника поради мирисите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Поради него голтавме на криво, ги мазнувавме сите „ручеци“ , го збрзнувавме купувањето, кривулевме како болви низ квартовите на Париз, од плоштадот Мобер до Етоал, во паника да не бидеме продадени, во стравот од крајниот рок, од инкасаторот, прогонетоста од даноците...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Ти реков дека не сум спиела со него“, рече во паника.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Самата случка, во паника, ја сфати на друг начин.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
6 Петтиот ангел од Откровението на светецот Јован Богослов од Новиот завет непрекинато и во паника дувал во долга труба од чиј сјај и водите ослепувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не ги чувствувал ударите на гранките по лицето и трчал до распрснување напнат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Патниците беа во паника, ечеше од женски пискотници и врескање.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Иако сиот во паника, и Винстон беше премногу изненаден за да може да премолчи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камо да беше од девојче, си мислеше Карл, целиот во паника...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Луѓето започнале во паника да ги празнат улиците и да се сокриваат во куќите.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Го гледаме како го фрла и бега во паника: на кај нас ли боже или натаму во градината?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
А Али-бег мир немал: само пожари сонувал во сонот, се будел во паника, скокал, викал, бегал.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Животот во паника ќе кидне прудолу да провери дали сѐ уште е тоа што мисли дека е: заден миг на свесност кога сѐ се претвора во блиц сеќавање во јазик разбиен од из-без-ум-е-ност во сублимиран естезис оти нема време да се прераскажува на долго и на широко само извесна веројатност да се искаже без надеж дека ќе биде видено од некого  само извесна пасија по кажувањето  - низ реч, низ слика, низ музика, низ тело, низ плот...  само извесно насетување на вистината според логика која оди прекутрупа во погорниот, во вртложниот круг на небото кога тоа ќе се отвори во екс-та-за! 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јачеше, јачеше солунскиот фронт како жена кога се породува и се породи: непријателските војски во бегство, во паника фатија од каде што дојдоа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И времето надвор боледува од астма: сонцето, бледо, без сјај, се потпира на голите гранки и се тресе од студ; ветерот јури преку црните ораници како коњица во паника и фрла игличести капки дожд по вагоните.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Вие? Сакате кафе? - ѝ се обратив на свекрва ми која ја галеше Маци додека таа ја лижеше и последната чинија, нејзината.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Што, што толку викаш? - свика и мајка му на Дино во паника.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тие се две спротивности - како денот и моќта, затоа оној во паника е губитник, а смелиот е подобара во се!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Не расфрлувајте го духот на сите страни, во паниката, духот ваш се распренува!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Оние металните, добро изгладени играчки, се распрскаа ваму – таму како исплашено јато. Сѐ потона во паника.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
И кога ми се причинува дека го слушам татковиот глас забележувам човек со униформа и пушка како ми се доближува. Во паника се будам...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како што мајка ми беше чувар на соништата на нашите детства, постојано обземена од опсесивната запрашаност, како што добро забележувате во вашето писмо, дали ќе има војна, така и мојот татко трагаше по стратегијата на орстанокот на семејството, жртвувајќи го својот сон крај своите книги.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но истовремено и сфати дека тоа не доаѓаше во предвид со оглед на бранот вознемиреност што му надоаѓаше, од којшто почувствува уплав, опасност да попадне во паника.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)