Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тој до грло е во него, неговиот повик е повик напомош на загрозениот, егзалтиран гест на некој кој во очајание се брани.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Европската историја на литературата во едно се согласува: еуфистите, маниристите, гонгористите, кончетистите и прециозите не биле ниту политички легитимисти ниту религиски конформисти (иако понекогаш се „продавале“ за такви), ниту биле следбеници на било какви утилитаристички етички теории и токму тоа ја фрлало во очајание идеалистичката историографија на 19-иот век!
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Небото, зем-јата, луѓето, избледените розови тули, балконите од ковано модро железо, мандолината зрела како плод во рацете на човекот со, чиниш, безброј прсти, искинатите парчиња од рекламни плакати веени од ноќниот ветер како конфети — колку беше тоа Пикасо, а колку Џорџ Смит што гледа наоколу со дивите очи на Пикасо? се прашуваше во очајание.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Запаѓал во очајание и удирал со главата во ѕид, во дрво, во сè што ќе му се најдело пред него. Го наоѓале раскрвавен, премален.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Да не се распадне Организацијата и народот да се почувствува немоќен, та да ја изгуби верата во себе и своето раководство.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Така се разделија прилепчани од костурци. — Одете со здравје и гледајте, не оставајте го народот во очајание. Насрчувајте, бодрете, убедувајте дека не е се пропаднато.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пари не можеше да собере за да вложи кауција во судот за да се изврши стручна проверка на тлото, и наоѓајќи се во безизлез, се јадосуваше, се гризеше и запаѓаше во очајание, слично како и татко му Китан порано.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)