во (предл.) - очај (имн.)

- О, чај! во очај извика Тони Маркс.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во очај косите си ги кубеа, вриштеа и пиштеа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Нѐ попадна во очај како вчера. Сега, веќе згазнат на едно скалило, веруваше дека во мракот ќе го најде и следното.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Има да си ја свршиш онаа твоја задача што си ја започнал и не си ја завршил и поради тоа падна во очај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
По некое време, жеравот видел под себе голо семче. Се спуштил на земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Во очај сум скоро болен, стори нешто да сум голем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас таму во очај појдов и не ќе беше право да мислам дека ќе има нешто уште полошо и пострашно што би требало да очекувам. Не ќе беше право.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Умирам од здодевност, паѓам во очај, поточно, повеќе од ова не можам да паднам (или можам?!).
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Марија беше во очај. Се нервираше зошто сосила не влезе кај претседателот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од ден на ден, во очај што водат И каде одиш ти и каде другите одат А каде мислата го губи својот пат? (В Мрак, в маглини, в пеплишта ил в Ад...) Сплоти се во едното Космосот е твојот вечен дом а космосот тажачка што ја практикуваш Весели се, живеј, не стивнувај!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Разбуденото стебло можело со сокови да му ги наслушнува разбуричканите мисли што се слеале во бучлив порој на измамена крв и ужас.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во очај на ранета дивина ги забуцал проредените заби во тоа стебло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова, според арапскиот печат, би требало значи почеток на крајот на палестинското движење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во очај водачите на фракциите извршуваат крвави атентати врз невино население.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Ниривина, кричев во очајот како ѕвер. - Ниривина. Секој ќош на собата ми враќаше ехо. - Модри печати на вратот... - Ниривина!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Европа Ах ти прелепа божице што богот наш суров без поштеда и пардон те опаша грубо сега освета слатка ни спремаш судбината ко џамаданче ни ја кроиш и приспивни бајки ни редиш но не во сон сладок ами во очај и летаргија нѐ фрлаш Ах Зевсе ненаситен манијаку сексуален никаквецу од небесна сорта што несреќа на врат ни врза што грев в мозок ни жигоса та ни камшик ни пост велик оттаму не може да го истера Ах милост имај божице сјајна еве на колена клечиме пред портите на домот твој златен петиците ти ги целуваме прошка дај ни за гревот наш древен и прибери нè внатре бар малку тело запустено да одмориме и душа грешна да згрееме подај ни сал трошка од трпезата ти божеска и вечно името твое ќе го славиме и пелтечиме Маргина 35
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Помиреност и очај, како на онаа друга слика – на која беа Мајка и Дете, само што помиреноста сега беше полна ужас, помиреноста на Исус во мигот на издивнувањето, а мајката негова, застаната до крстот беше во очај, со склопени раце, со наведната глава, со поглед слеп за сѐ пред себе, освен за болката на душата, со очи кои како да се исушиле во вдлабнатините, а на нивното место останал само очајот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Ајде,“ рече брат ми, и јас тргнав по него, навалена на неговата рака, поткривнувајќи, вртејќи се наназад кон мајката и синот, кон нивната разделба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Болка нанесуваш, во очајот на човек, што ги крши последните сурови гранки на дрвото што се суши...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас плачам во очајот на едно „патување“ без стапки, без сила... Оваа ноќ, тажно плачам ЗА ТЕБЕ...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Посакуваш да гледаш без престан убаво и само убаво помислата на грдото те џитка - и таа - во очај.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)