А тој спушти нога подигната за следниот чекор во орото, се исправи. Му затрепери десниот образ, веѓите му се намуртија.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Фелер ќе добијам!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
МАЛИОТ: … та во оро ќе рипне.
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Мила шчерко жабице, не фатај се код момче, ќе е момче ѓаволче, та ќе во оро да рипне!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
МАЛИОТ: Тешко нас!
„Последниот балкански вампир“
од Дејан Дуковски
(1989)
Сликата е направена од далеку: се гледа дел од куќата и прозорците низ кои ѕиркаат женски и детски глави; чардакот кој е нагрозден од свадбари загледани во орото.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Тој беше повисок од таа здиплена наполно старичка, онака сува и вдовички свитката у две губи, таа појде кај Башмајсторот, нешто зборуваше таму, Башмајсторот само климна неколку пати со главата, загледан во орото, а Змејко тогаш можеше да го чуе оној глас на старичката, тој глас од тажаленките во летните приквечерини, кога рече таа: „Чувај ми го, мајке, добро.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Го фаќаше Бандо Трајана за раменици, го фучеше во орото и му велеше: „Кајафиле-тријафиле, чуклец-муклец: не штипи повеќе по девојките, немој веќе да крадеш - ноќеска живо месо ќе јадеш...“ му намигнуваше кон Царјанка.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Се фаќаше во орото на свадбата и играше, скокаше до распаѓање; кошулата неколку пати му се натопуваше со пот и му се сушеше; го сучеше орото, а луѓето притрчуваа со плоската пијалок, му ја пикаа в уста и му ја гасеа жедта.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Жените и мајките се здадоа накај мажите и момчињата - веќе фатени в оро.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Јас штурчо само си свирам и сите во оро ве збирам дајте ми да кажам здраво и јас имам еднаш за право. Не, не не....извикаа дечињата.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Со зборови празни врз студен мермер песна ќе пишам, а ти ќе ја читаш со солзи и тага Високо горе во небото сино со ангели в оро ќе „СЛАВИМЕ“ ТАГА...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
- Тлајче игла до мене! - рече Италијанецот Федерико, го грабна Трајчета за рака и го воведе во орото.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Играа селаните, играа и партизаните. Во орото беше и Трајче, гордоста на селото, гордоста на целата бригада и знаменосецот на бригадата.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Се танцуваше, пееше, без некоја валкана љубов, во оро игравме заедно со машките, контактиравме со писма и почнавме да танцуваме машко со женско и јас почнав да играм со машко, иако ми беше страв од татко ми.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
4. Веќе се враќам:
годините во оро
задушница им праќам;
сегде познати лица
нигде, нигде птица
Рајот го чека крај
нема спас, Матеа
и ангелите патеа
а ти а јас...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)