По долгите часови изминати во опашката за основниот животен документ, легитимација, конечно дојдов до шалтерот.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Секогаш носеше панталони и високи чизми во кои имаше пикнато камшик со кој плускаше по кучињата за да ги смири, а често и без потреба плускаше и низ просториите на Пансионот; носеше елече од кучешка кожа со црни и бели дамки што беше упадливо од далеку; во џепчето носеше шишенце со мирис со кој повремено се стркаше штитејќи се од реата на кучињата; косата секогаш ѝ беше врзана одзади во опашка која при одење ѝ се мавташе.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А саканата моја во собата своја заклучена и натаму си ја чешлаше косата низгрбно, и ја врзуваше во опашка, со истата врвка со која во третиот чин Николај Дмитриевич ќе ја задави продавачката Љашченкова.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Дури, еднаш, на коридорот, еден мој другар ме прашуваше како сме си поминале на тренингот и дали навистина можам пет минути да возам на едно тркало; Луција стоеше само на метар од нас, сама, замислена, и гледаше низ прозорецот; надвор врнеше, таа гледаше во дождот, а долгата, црна коса, собрана во опашка ѝ паѓаше по грбот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луција се појави точно пред полноќ. Беше облечена во црвено здолниште со бели цветови и лесна кошула; косата ѝ беше собрана во опашка и очите ѝ сјаеа на еден особен начин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
9 Мотив: црквата и гробиштата: Оддалеку најпрвин се забележуваат крошните на столетните дрвја припиени една во друга, грабејќи го лакомо просторот полн сончевина и отворен кон езерото до кај што окото гледа; црковната ограда е ниска и тие ја наткрилуваат, се префрлуваат преку неа со своите крошни, ги пробесуваат и ги спуштаат како зелени водопади; кога ветерот ќе го разниша зеленилото, се покажува камбанаријата и црквата издупчени од гранати; при секое удирање на камбаната, малтерот се лупи и паѓа како кожа од рани; на влезот од црквата сѐ уште стои на ѕидот св. Ѓорѓија качен на коњ и со копјето ја држи змијата прикована за земјата; наместа малтерот е паднат, та змијата е излупена во опашката, но јазикот ѝ е црвен, свеж и заканувачки издаден; гробиштата околу црквата се расфрлани без ред.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
- А ти си тука, распрашана командо, чавко со пауново перце во опашката, ги дигна веѓите старецот и се заврте кон неа.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- За нас жителите од езерово најголема чест е да не проголта кралот Вок и да не претвори во опашка од златна риба со која си ја чешла косата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
- Претворањето во опашка од златна риба не е лесна работа.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)