Со добро: ѝ велеше дека тоа што го прави, го прави заради неа, за нејзино добро, да може да се движи лесно, витко, да може мирно да спие, лесно да дише, векот да ѝ се здолжи; ја молеше да најде сили, да издржи со диета; ѝ велеше дека најтешки се првите денови, а потоа сè полесно и полесно ќе ѝ биде, ќе ѝ мине во навика, во одмереност, во ред.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)