во (предл.) - облека (имн.)

Дрвја со бршлен стегнати, во облека на природата совршена.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Хиперцивилизираната афектираност во облеката на кралот на Непал и неговите придружници, смешните набрани околувратници огромни колку воденици и потпетиците високи како копаните на венецијанска куртизана, се во совршен контраст со дивјачката голотија на Калибан и останатите островјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Секој проклет долар добиен во Маргина/Темплум свртен е триесет пати и го буши џепот ко радиоктивно желевце заборавено во облеката на смотаниот, вечно осуден на беда и глупост, Хомер Симпсон. Сети се!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
И навистина, кога се доближивме кон тој куп ветошини, се откри дека зад нечистите и прашливи стакла на врамените фотографии не се наоѓаа снимки од школски излети и семејни прослави: кога ги избришавме стаклата, зад нив се укажаа групи Margina #26-28 [1995] | okno.mk 141 луѓе облечени во облека што некогаш се наречуваше патничка, покрај нив во морнарските униформи, други луѓе стоеја со делови од бродска опрема в раце.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Човекот што го претставува времето е во облека на џокеј.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Затоа можеби се чактиса на свој начин и на еден празник дојде однекаде, од некое друго село, во облека со лешникова боја, туѓа, бездруго на некој иселеник.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дали во облеката што ја носиш, облечена е и душата твоја?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Така е, вели кумата и врти со очите, целата снага ја врти во облеката своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Едноставно ќе ги спакува своите работи, можеби дури ни тоа, по ѓаволите со тоа, можеби само ќе се облече во облека за излегување, ќе ги закопча копчињата затвори дрикерите повлече патентите и ќе ги остави клучевите во кутијата за експрес чекирање, тоа е за нив, всушност, господинот и госпоѓата Платено Однапред, или дури ни тоа, ќе го уфрли клучот во кое било патемно поштенско сандаче, повратната поштарина е загарантирана, по ѓаволите со тоа, време е да се тргне.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Покрај убавите желби и страсните бакнежи малечката Пелагија доби еден куп поклони во облека, тетратки и моливи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Невообичаениот приод кон детската уметност и останатите наивни уметнички дела, го збогати оригиналниот придонес на руските уметници кон интернационалната авангарда.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во периодот кога Петар Велики ја стрижеше руската аристократија и ја пресоблекуваше од традиционалните кафтани во облека по европски вкус (во 17. век), дихотомијата меѓу автохтоната словенска култура и западните влијанија го дефинираше стилот на рускиот интелектуален живот во тоа време.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Стокмени во облеки и врски, избричени до гола кожа по главите за да ја прикријат својата ќелавост, седеа две момчиња веднаш до масата на Еразмо, толку блиску што нивниот разговор можеше беспрекорно да го чуе.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
нѐ гледа во облеката, во ликата, ни бара пасоши, ние кажуваме дека ги исфрливме пасошите, од радост и од глупост ги исфрливме, велиме, тие нѐ редат под стража, шестмина, колку што бевме од Македонија, нѐ затвораат во пристаништето и нѐ сослушуваат, нѐ прашуваат кој нѐ испраќа во Бугарија, дали Турција или Англија, ние кажуваме дека идиме од Америка, се чудиме зошто треба некој да нѐ испраќа,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)