1864 година Се зададе облакот а заедно со него и Петар. Тој се пробиваше низ маглата, спуштена над селото, која наликуваше на облак и создаваше слика дека селото е завиткано во облак, или се наоѓа во облаци како некое идилично рајско место. Место кое паднало до рајот.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во големиот син бескрај со сликите на Шагал, во таа синевина во кое се мешаа земјата и небото, гледав семејства со кози, како патуваа во облак.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сликата претставува семејства запрени во облаци меѓу земјата и небото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Потемно розе, и посветло розе, вино и жито во облакот што ја шири душата и се истура во самофалба и топлина. Розето ја сврзало мојата волја со слободата.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
И тие да не се пикнале во облакот, во црвениот сон?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
19. Врвот на брегот се губи во облаците или, кога е ведро, во светлината на сонцето.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Тоа му се потврди кон почетокот на 1941-та кога уште еднаш, овој пат, сосем лесно, му успеа да издејствува потпишување договор за уште еден мандат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Таа ориентална приказна беше нивната фантазија, нивниот интимен филм како „Шеикот” на Рудолф Валентино, создаден во главата на малечката продавачка од киоскот во Данциг и младиот наследник на претпријатието со сточна храна, додека создаваа градови во облаци и на места на овој свет, подобри и позанесни одошто сивите квартови и улици на пристанишниот град.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Се сети дека пред да биде уапсен и донесен со специјален авионски лет во Виена, тој цели петнаесет месеци лебдеше во облаци.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Досада го налегна од тој надурмен небосвод што се точкаше во облаци и темничиште.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
11. Фустанчето на дрво, ти во трева а јас во облаци.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Откога ќе завршат со кркањето, продолжуваат со летање на облаците и во облаците.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ним им е најтешко, никаде ветре да ги разлади а и да ги разбрка облаците од кои со години кркаат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Да се разминуваш, да изустиш добра вечер, о, светци, а тие, се загледуваат во тебе, незнаен и непознат за нив, и те поздравуваат: ти првпат миеш раце во облаците?
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Прозорите не беа само на куќите, туку и на бродовите и кулите; прозори во прерија, прозори на лице, прозори во облаците и на земјата...“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ја искашлува тој реченицата. мојата вртелешка од сонце и месечина мирува испишана со милион бледи имиња ја покривам со туника од тага и спомени и седнувам завиткан во облак од тишина Margina #19-20 [1995] | okno.mk 59 На мојот кожлест пријател сите коски му се сместени во главата.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Човекот ги уништува. Сѐ поретко и поретко кружат во облаците, - рече Бојан.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Додека помалиот беше понизок и поблизу до земјата, па затоа пројавуваше усет за практичност; поголемиот беше поштрклест и главата како уште да му беше во облаци, па се занесуваше со неостварливи замисли и недофатни идеи.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
- Што да правам кога летам во облаци и кога секој допир со земјата ми е болен.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Со главата во облаци.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
А кога ѝ даде на Маре точкици за текстил, таа беше во облаци па веднаш се согласи да се регистрира со него во новиот фустан.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Трча коњот мојот коњ Оној узда што му држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Сите видоа како вишлестиот човек со жолта кошула ја крена својата десна долга рака како некој војсководец и ја фрли право пред себе, покажувајќи му го патот на шоферот, по што белиот откриен автомобил замина право низ селото нагоре каде што им се изгуби во облакот прав од пред очите на вчудовидените селани. Луѓето занемеа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но тие, жените, кучињата, што лајно беа, како да ѝ поверуваа, сенките се згуснаа во облак кацнат на земја, облак што потоа почна да се развласува и да се растргнува.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Гледај во облаците, во птиците.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
- Не ми се гледа во облаците.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Откога мудрецот го претворил во облак, почнало да се прави важно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Претвори ме во облак, сакам да бидам најсилно, со својата големина да ги покријам и градот и планините.“
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во зракот на зениците каранфил две години расте, во дното на срцето, умира се раѓа, но сепак жигосано суштество во моминска песна завиткано ко месечина во облак молкум се тркала во душата...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во буежот на твојата младост, летна високо, во полупрстенот на сончевата патека со крилја, но без крилја, со птиците песнопојки, таму во облаци темни..
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Лоренс и Хенри Милер, тогаш го имавме “пансексуализмот” на Аретино и Марино. (...) Изворниот порив на маниристите - светот да се опфати со слики кои додуша ги доживуваме неповразани, но можеме да ги сублимираме во хиероглифски амблеми, по 1920-та доби силен поттик - делото на Фројд.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Љубовта и порокот исто така можат да доведат до коинциденција меѓу оние “damnes” и “maudits”.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Фројд, кој како и Фичино, на граѓанската Европа ѝ ги даде обновени прастарите ориентални мудрости неретко, се разбира, во сосема рационализирана форма, како некаков ориентален волшебник барем привремено ги разорува градовите во облаците на доцнаграѓанскиот идеализам.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Една слика на Адриан дер Верф (17 век) покажува гола жена со екстатичен израз на лицето пред слика од сон на саканиот која се појавува во облаците (сликата има наслов: Предочувањето вреди повеќе од стварноста).
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Летањето во облаци им го препушти на оние кои полетуваа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Среќата ми ги отвори своите врати. Во љубовта сум како во облаци.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А главата во облаци, и баш ми беше гајле дека некоја мајка се секирала за мене, мене ми беше убаво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Како и самото да му се предава на зимскиот сон, небото почна рамномерно да се дига и да се спушта, а дабовите, скаменетите диви арамии, се издолжија и поткревајќи се на своите корења удрија со тешките шубари во облаците.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Како и самото да му се предава на зимскиот сон, небото почна рамномерно да се дига и спушта, а дабовите, скаменетите диви арамии, се издолжија и поткревајќи се на своите корења удрија со тешките шубари во облаците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Јас имам уште многу, многу мани. Често си летам во облаци.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Понекогаш кога ќе беше сам, кога ќе ги чекаше другарите да излезат од училиштето, од здодевност не знаеше што да прави, та често скокаше да си ја прескокне сенката; кога ќе влезеше сонцето во облак, чекаше да излези за пак да продолжи.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Се сетив на пораката на еден од Дарвишовите стихови, кој беше толку близок со мојата егзилска судбина: Ѕвездите се зборови кои блескаат... погледај ги, ќе ја прочиташ сета наша историја: овде се родивме меѓу огнот и водата - и ќе се родиме одново во облаците кај синиот брег...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Настапуваше тивката летна квечерина. Се појавуваа првите ѕвезди над езерото.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Гледајќи се така еден со друг како шетаат ноќе, како зборуваат гласно, како се жалат на несоница, на главоболки, на нервоза - стравот уште повеќе им растеше; добиваа вртоглавици; земјата им се качуваше горе, а небото слегуваше долу: како да лебдеа во облаци; се тетеравеа и се придржуваа да не паднат.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Нагонот да се полета, како во семејство во облак на Шагал, сигурно доаѓаше од немоќта да се минат границите, особено големата граница која нѐ делеше од родната земја.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Додека ја минував границата, погледот ми одлета кон првиот облак кој се ближеше кон нас, небаре да ме подземе во височините, во среќното семејство, како во облак од слика на Шагал.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како во облаците молњите, коњите Небесни, разџилитени, заскитани секавици, Разлетани жар-птици, пламеници.
„Сонети“
од Михаил Ренџов
(1987)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Но, Игор Лозински и натаму се оддалечуваше, додека не се изгуби во облакот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
„Тате ни го направи!“ викаа Мег, Мајкл, Стивен и Роналд и триумфално го влечеа конопот, а шумниот, громовит змеј на небото ќе јурнеше удолу, повторно ќе се вивнеше и ќе направеше еден голем и волшебен извичник во облаците.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Чадот, жолтеникав и мирудлив, толку го смирува што Пандо може по цели часови да лежи под сенката на старата подгниена слива, да гледа во небото, во облаците, во летот на соколите и, без да му трепне око, да ги слуша лелеците на жените што ги оплакуваат своите најблиски.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сноп светлина фрла врз него камионот и профучува оставајќи го во облак прав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Секогаш на некоја недосеглива височина што самите си ја избираат за да господарат оттаму со сѐ и со сешто.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сепнуваат сѐ околу себе, а тие како во облак - недопирливи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Тоа е камен што Сизиф го турка кон спортска сала; селска погача со мирис на метална плочка зашрафена во облак.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Телото наскоро ќе се протне низ вратата на вечноста но душата е можеби жива и можеби е меѓу нас и можеби нечујно кива во облаците од темјан.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Сликал кози, крави и многу други животни, но се разбира и луѓе, кои ослободени од тежината на земјата полетуваат, запираат во облаци помеѓу земјата и небото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Во сива замаглина сповиена е Сињачка и над неа полека се појавува белузнава боја, се издигнува таа и по неа, во испреплетени партали се редат жолтеникави, розови, златни, црвени, пурпурни појаси. И пурпурен е блесокот и отсјајот во облаците...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Бевме драгоцени еден за друг, извор на сила која нѐ одржуваше во облакот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Задржани во облакот како што земјата се држи во бескрајот на вселената од сопствената сила.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Го наслушува грмењето и гледа во облаците.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Си тркалаат камења во облаци.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Гледај во облаците, во птиците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
- Не ми се гледа во облаците.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Право да речам, тоа никако не можев да го замислам, мајка ми високо во облаците и лета.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Лежев по цел ден пред куќата загледана во облаците и без престан ѝ зборував: - Издржи Мила, мораш да се избориш, мораш да преживееш!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Мила, тебе ништо не смее да ти се случи, јас ќе ти помогнам, со тебе ќе бидам сè додека не заздравиш!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)