Како на сон кога сакаш да викнеш а не можеш или кога сакаш да бегаш а ни чекор не можеш да направиш од некоја оловна тежина во нозете.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Изложена е на сите видови тортура, претепувања, електро шокови, постојани силувања, агентите на Dina пукаат во неа, ја рануваат во нога, ја измачуваат со глад и жед и најпосле со уцени и закани во врска со семејството.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Крај реката седнувам и гледам во нозете на мајка ми втонати во вода.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но студот лиотски гризе по коските и иглесто дупи со подноктица во нозете и рацете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Ранет е, рече. - Го поткачија во ногата...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
— Ете уште еден трн во ногата наша — пробрбори Валијата и му се опули сериозно на пашата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А сите што барем малку се одбираат во зелки знаат дека зелките немаат нозе а и чуму им се нозе на зелките кога умот е во главата а не во нозете, а од главата се стркалуваат и се истураат во јавето и сите тукушто зачнати и тукушто отсонувани соништа.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Питон: Можеме себе си да си пукаме во нозете.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Штом се најде во широкиот трем од плевната кон него се втурнаа кучињата, плеткајќи му се во нозете, лижејќи му ги рацете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Бојан се качи во плевната. Ги набрка и Стрела и малиот Караман што му се плеткаа во нозете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стрела, која за сето време на неговата болест беше заробена во оваа просторија, радосно заквичи и му се сплетка во нозете.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Насетувајќи ја неговата намера, кучињата со трчање, вплеткувајќи му се во нозете, лижејќи му ги рацете, весело трчаа по него.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Тие доаѓаа фатени со малите прсти на рацете, како селски младенци: таа со кок, а тој со ќела, двајцата голи во нозете од бутовите до петиците, таа депилирана тој оскубан, токму современ брак.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Кога ги отвори очите, за нејзина утеха, воденичката повторно беше таму каде што требаше да биде, на своето место, и силата почна да ѝ се враќа во рацете и во нозете.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Дојде до Бошка и му се сплетка во нозете. - О, Перо! Мачорче убаво! - Рече Бошко, го зема мачорот и заедно со него легна на креветот. - Слушај, Перо, бато ти Бошко ќе ти раскаже нешто убаво!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Се погали така додека господинот Гроздановски не почувствува пријатна топлина во ногата и, одеднаш, му рипна во скутот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Само што фустаните на Паца беа каде-каде поубави и поградски, и летно вре-ме од пошарена басма и потенки и попровидни, така што секој можеше да види дека Паца во нозете е долга и носи гаќи, што за жените во Брезница беше нешто како непристојна новина.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Притоа во градите и заплопоти неочекувана возбуда од којашто во нозете почувствува малдисаност од која колената почнаа да ѝ се сечат.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Згора на тоа, кога ќе ги загледав тие лу-ѓето во нозете, долу под ногавиците, стапалата им беа кучешки.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Дојде до Бошка и му се сплетка во нозете.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Здрав е во нозете и знае по некој албански збор, та ќе може да се најди ако по пат се изгуби.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Вијат болките во нозете и колковите, ама и покрај тоа јас ги посетувам, си прикажувам за тоа што заедно го изминавме и им кажувам за тоа како е денес.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Другото камче удира во ногата на старецот кој се обидува на другите да им каже нешто потсвирнувајќи како врапче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Третото камче не ја погодува целта, паѓа некаде меѓу лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Животот во воено време Сѐ уште не му беше јасно зошто во овој миг чекори како што чекори и не умееше да си објасни каде оди со толкава сигурност во нозете.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
А во чекорењето снагата честопати знаеше и сама да му се згрчи и да се наежи на она место во ногата над десното колено, каде што беше најблизок големиот остар заб; тоа дури и кога бегаше од тоа да помисли го сеќаваше секогаш, на оној миг.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
И снегот сега беше некако спитомен и омекнат, лежеше во нозете на тој спалавен ветер како некоја кротка животинка, почнувајќи пополека да линее под допирот на неговите топли прсти, станувајќи притоа нетолку изгаснат, колку со една своја нова, спитомена белина.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Колку се движеа напред, коските се повеќе им се испречуваа и им се плеткаа во нозете.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Не беше тешко, освен кога ни прскаа вените и мораше повторно да нè боцкаат, а многу брзо немаше место каде што немаше модар и болен подлив, ама се менувавме: малку лева, малку десна рака, во нога, па пак во рака.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ама лели едно ме видоа и на име ми рекоа и ме однесоа дома, та ме нагостија и многу ме честија.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
- Е арно не сет, како нас, ами од кај ме познаваат мало, големо во куќата што сет?“
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Арно ама луѓето беа бамбашка: не беа како нас асли; тие беа во нозете долги и во носојте вудве од нашите носои.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
„Ха - ха, не сум Орицко поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе немат со олку долзи носеи и олку високи во нозете; овие луѓе не сет асли како нас - си велел сам со себе.
„Македонски народни приказни“
од Иван Котев
(2007)
Во бегањето осетив нешто ме дожеже во ногата, кај прстите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ко лепкаец трева ни се плетка во нозете и ни ги менува чекорите и гласот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе се одземе човекот и во раце и во нозе и не може ни да се закопча, ни да се почеша, ни од муви да се одбрани.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Гледам јас горе, па гледам долу во нозете, во чевлињата, не сум ја прашал кој ѝ ги купил чевлињата со жапчиња што се запетлуваат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Се предаде. И покрај тоа, ја однесоа во павилјонот наменет за агресивни пациентки, ја смирија со млаз студена вода од цревото и ѝ вшприцаа терпентин во ногата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Но Сија Хаџибанова набргу се прибра, се созеде. Си погледна во нозете, како да сакаше да се увери дали ѝ се тука, и уште побрзо избега.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Болничарката прифати, само доколку договорот остане целосна тајна. Ѝ се закани со непоткупливиот показалец. – Ако некогаш се дознае за тоа, ќе те убијам!
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Само чу дека штракнаа ножиците и едно перче од нејзината бујна коса ѝ се оддели од главата и како летно облаче ѝ помина пред очите.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ајде да погодам... Ранет си во нозете нели?“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Имам ужасна болка во нозете.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Колку во нозете, стопати повеќе во душата имал, во срцето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тоа чудно, силно човечиште Трифун Трифуноски, се виде, не бил само во нозете надарен.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Арматурата во нозете попушташе, клепките бабреа и ја разредуваа светлоста.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Басовите не престанаа да ѕвечат по прозорските окна, и можев добро да ги почувствувам во нозете, како што можев добро да ги запомнам и боите на парчињата облека коишто висеа на темелите на ова диско додека сè уште беше во изградба.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се вртеа тој и жена му околу неа и не знаеја што да ѝ прават; ѝ бараа стршлен во кожата, не ѝ најдоа; ѝ бараа трн во нозете, рана некоја, но не ѝ најдоа; ѝ даваа вода, да пие, ѝ даваа да јаде, но таа само рикаше; ја измолзија за да ѝ го олеснат млекото во вимето, но таа и понатаму рикаше; ја одврзаа од јаслите, ја извадија од кералот, ја пуштија да шета низ дворот, низ бавчите, но таа никако да се смири: рикаше ли рикаше.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Гледајќи се во нозете, го поткрена малку фустанчето нагоре за да се види и над колена, се искоси малку да се види и отстрана.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ако не го завлечеше Сотирчо, тој уште ќе гледаше во нозете на Родна Караколева.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веднаш откако ме погодила, тоа го дознав подоцна, Валери се свртела и пукала во Марио Амаја и го ранила во ногата.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Гледај да не го опакостиме во нога, во рака, та да ни се смеат светот.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Извива Стојко со гајдата, го извива Бојана орото, а Доста и другите само во нозете на танчарката и гледаат и по нејзините движења играат. И го прави, пезевенката Бојана!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
А на агите им истекоа очите и само ѕурат: де во нозете, де во градите на Бојана.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Од мракот демнат зелени очи, од мракот машинките стрелаат в нозе, в 'рбет, в чело.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Повторно со твоите игри! – го гали, додека помалото внуче му забива клинец во ногата – те обожувам поради внуче му тактира со ударите на чеканот.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
Понекогаш, така легнат, ми ги зарива забите во ногата. Доволно болно за да вриснам.
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)
– „Хаа, не сум Охридско Поле и Струшко; чунки тамо вакви луѓе нема со олку долзи носеви и олку високи во нозете; овие луѓе не се асли како нас, си велел сам со себе.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Арно ама луѓето беа бамбашка: не беа како нас асли; тие беа во нозете долги и во носовите вудве од нашите носови.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ѕидовите повторно ќе ги бојадисуваме, (Шукри заминува, гледам во нозете што ги вртат педалите, колку пати ќе му е потребно до аголот?), а на местото на орманот, ќе ставиме софа или нешто слично за седење (само 17 или 18, мене ми се чинеше подалеку), нешто комфорно, елегантно, а практично.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
И одеднаш ме покри земја и само почувствував болка во ногата и во очите ми згасна сонцето.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Тој пак се загледа во нозете на Донка, рече нешто на шпански, потоа ја погали по лицето велејќи: - Ти си храбра девојка...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Што се однесува до индуктивниот поглед врз светот на разнообразните нешта, кој татко ми, како што реков, ми го всади порано и подобро од сите професори – него го користам често, некогаш и не сакајќи - на пример, кога минувам по улици и ...уште една згазена мачка од синоќа – малолетните камиказе возачи станаа сообраќаен терор – нормално кога улиците се претесни – урбанистите пред десетина години не мислеа дека градот сосе сообраќајот толку ќе нарасне – метро?, но подземјето на градот е преполно со цевки и жици...итн. или...во центарот на градот, во паркчето меѓу градските кули, додека мирно си седам на клупата, нешто остро ме пецнува по левата нога – од некој кат, од некоја од околните висококатници, некое дете пукало со воздушна пушка во мене – децата некогаш гаѓаа врапчиња, а сега луѓе – нормално, сѐ подоцна легнуваат, сѐ подолго го преспиваат денот, а кога ќе се разбудат, се нервозни и лути – а што ако наместо во нога ме погодеа во око, кој ќе ми помогнеше? – зошто ниедна влада во оваа држава не го регулира ноќе времето до кога малолетниците можат да останат во кафулиња – итн...итн...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Како и да не му бидат кога половина свет го имаше во нозете? Па дури и повеќе.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Шарпланинец: јадар во телото, во главата, во нозете: широк, дебел врат, голема уста, постојано подзината, јадри, изострени заби меѓу кои црвенее издолжениот јазик.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Оптимизмот, и кога е парталав, останува во нозете.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
„Жена ти ја касна змија“. „Ја касна? Каде?“ „Во ногата...“ „Ах, како не ја касна за јазик!“ ивика Полин и стана да ја бара.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Зад иконата во собата, Висар наоѓаше црковни книги; читајќи ги, му стануваа сѐ поинтересни: соништата сега му беа исполнети со рајски убавини и чуда; тие книги сега не му даваа време да размислува за смртта, за стравот од Зенула; престана да размислува што ќе биде кога ќе му го забуца куршумот Зенула: како ќе изгледа тој бодеж: ќе личи ли на трн, на игла или на врв со нож; и кај може куршумот да го погоди: ако го погоди во нога - ништо, ако го погоди в рака - пак ништо; знае дека можат луѓето и без рака и без нога; но ако куршумот го погоди в глава, в срце, што навистина се случува тогаш со човека: како настапува смртта, како изгледа тој миг?
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Не молкот, ами душата и духот владеат со нејзините мисли и со чувствата на сите и кај сите одделно истиснува спомени, сакања и присакувања и така занесени го забораваат барем за миг болното стегање во стомакот, влагата и студенилото, печењето на плускавците, болките во нозете и рамењата и неотстапната потреба да се наспијат...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од чувството на страшен студ, како да сум заспиена со хлороформ, од загубата на гравитација во нозете и поради намалувањето на својата големина, стигнав до чувството дека сум злато.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Единствено во нозете беше покрив одошто макар кога порано.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Во нозете му се виде како врабица и таа споредба што механички му падна на памет во истиот миг му се виде непристојна. Пренепристојна. Просто ја исфрли од главата.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Е, тука, богами“, рече расмеано и некако со распашано поведение, задоволно кревајќи ја сега веќе втората чашка ракија и завалувајќи се во столицата, „Е, тука, богами, Тито се има сопнато“, рече, „ама уште не знае што трн во ногата си ставил!“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Зашто тој агентот в нозе по мене иде.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Додека Едо буричкаше во моторот на колата оставена во дворот, му дојде жената на капетанот, бидејќи нероткиња, комишиите ја викаа Јаловицата, крупна, силна во нозете, со градите подвиснати бидејќи немаше градник, разградена со цигара во раката.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Тој пак, се фати во нозете и не може да бега.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— Издржи уште малку, велат, и дупат во ногата, ми ја гребат коската.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И ѓаволот од главата им слегувал во нозете...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кочан сум целата, што се вели, одам со забавени движења небаре потскусена во нозете.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Една девојка, пак, не ги одвртува очите: де гледа во мене, де во ногата моја.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Плус имаше и грчеви во нозете поради слабото движење.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Дури и дедо му, кој долги години не излегуваше од дома, заради реумата во нозете.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)