Наметнато од повисоки структури од претпријатието „Центро“, главната идеја беше, што побрзо, да се „елиминираат“ вработените од фирмата, по доброволен пат – во- ведувајќи ја франшизата, кадешто новооснованите фирми ќе ги преземаат дотогашните вработени во „Центро“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, задкулисните игри не изостануваат никаде, па ни во овој случај – што е и сосем очекувано и не треба многу да нѐ изненади.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Токму ова му се случи на Јаневски. Имено, тој работеше во новото претпријатие извесно време – до октомври 1994, но, од ден на ден сѐ повеќе и повеќе, лукративните капацитети на фирмата опаѓаа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Всушност дваесетина години по нејзиното формирање, по Првата светска војна завршена со Версајскиот мир во Париз, странскиот капитал ги фиксираше симболите на моќта во новото време во новата држава Југославија.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми се плашеше од противречностите на Отоманското царство, коишто толку добро ги познаваше и разбираше, да не продолжат и во новото време – времето на социјализмот, на комунизмот, под плаштот на тоталитаризмот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Препознатливоста и лесната идентификација на поетовиот пев е дополнително сведоштво дека Анте Поповски прецизно ја кодирал својата поетска шифра во сопствениот јазик, па сега и кога пее со одглас на веќе испеаното, но и кога пее со залог во новото и (можеби) претстојното, читателот мигновено го спознава неговиот отворен, оригинален, јасен и засекогаш втемелен поетски идентитет.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Имаше целосни информации и за џамијата Исак-беј, подигната уште во 1508 г., за Хајдар џамија, од 1561, како и за џамијата Јени Моске, изградена во 1558, а во новото време претворена во уметничка галерија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На овие зборови Јана се виде себеси како на бината на состанокот на АФЖ бунтовно зборува за правата на жените во новото општество.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Само што во новото сценарио двајцата другари си ги имаа заменето улогите - Дарко го посетуваше Александар и му носеше цигари.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Меѓутоа, Татко веруваше дека употребата на овие заемки нема конечно да замре зашто тие понатаму беа живо присутни во народната меморија и творештво, во народните говори, во старите документи од кои некои беа валидни и во новото време, како на пример тапијата, адетот, аманетот, бакшишот и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ти добро ги запозна нашите роднини во Измир кои се на врвни судски позиции, тие лесно го преточија своето кадиство во новото судство, макар што престои уште многу тежок и неизвесен пат...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како што Климент Камилски не можеше да има среќна иднина во тогашната југословенска Македонија, да го добие своето високо место во хиерархијата на повоената власт во Народна Република Македонија, со оглед на својот деклариран просоветизам, тој дури и невин одлежа строг затвор, така и Татко со својата османскотурска диплома по правни науки и албанското емигрантско минато, кој можеше да смета на висока позиција во хиерархијата на власта на нова Турција, не можеше да смета на позиција во новото југословенско комунистичко општество.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И што е најзначајно, пријателе мој балкански, да, токму пред вечната Сорбона, во која се роди и победи сколастиката, дека само со дијалектичкото разбирање на историјата на педагогот и на детето ќе му бидат неопходно потребни социјални услови во новото општество...
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко на заминување запре на прагот на куќата која беше под сенката на лисјето од голем даб, која набргу стануваше светлина, светлина на неговата цариградска младост.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Овој кус, но мошне сложен текст е еден од последните што Делез ги напишал пред својата смрт, а објавен е како додаток во новото, Фламарионово издание на Дијалози помеѓу Жил Делез и Клер Парне, испечатено годинава. 1 Michel Casse: Du vide et la creation, ed. O. Jacobs, 72-3.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во својата поезија ќе сведочи дека е тој постојано во заминување кон татковината: заминувам во сон, таму ќе се најдеме ако постои враќањето од егзил, обновив минат ден за да те сакам повеќе во новото заминување, заминувам во правец кој не постои!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
А татко му еден ден му рече: кој нема татковина, нема ниту гроб, нема ниту гробници и ти забранувам да патуваш!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но празник е! Понуди ни подобар вовед Во новото, во стварноста Спаси нѐ од маргините Речи – доста!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Ќатипчето не ја употреби својата власт да ја одврзе, оти и тоа сакаше да си оди „пашито", без товар и да си бара некоја нова Петкана или Флора во новото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Убаво, убаво. Види шо поскури ти меси воа кучило! — продолжуваше Доста, покажувајќи ѝ ја поскурата, завиткана во новото цркварско цедилце, на Билјаровата снаа и други, кои што врвеа пред порта со букарите на глава.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
На брзина ја извади китката од пазувата, ја завитла во новото тулбенче и ја скри во еден ќош на ковчежето — да не ја види ни сонце, ни ветер, — и излезе, небаре сега се враќа од работа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Така, во домот на татка си, како мома, во родниот Лесковик, вгнезден на границата помеѓу Албанија и Грција, беше видела делови од мебел како во каталогот на стоковната куќа Ла Ринашенте, но не и во крајезерското гратче Поградец, каде што ѝ се закотви животот во новото семејство.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татко добро знаеше на какви маки беше изложена Мајка, во новото семејство, во патријархалната заедница, со свекрва, со јатрви и со многу други.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Ние не верувавме во новото
тие се исцелуваа од промената
нас нѐ опфати очајот на вечноста
нив чудотворноста на живата реч.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Идејата беше-секоја половина за себе да впива нови сознанија, а по извесно време да ги претопи во новото соединување.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
- Не зедоа како големи, ама таму, во Преспа, кога излеговме така убави униформи, сѐ во ново, море и чевли, и чорапи, та и кошули и ремени и автомати ганц, знаете, со строев чекор, по четворица, само правот – пуф, пуф под нашите нозе.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Веќе ви пишував за моите први чекори во новото освојување на Париз, со товарот на мојата мала балканска, нова независна држава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но еве сега таа во новото писмо, сосем неочекувано за мене, запре на преводот на еден збор, што прераснуваше во поголема тема, која требаше да заземе поголем простор во нашите идни писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Топлите зраци на сонцето дозволија да ја облечат во новото фустанче купено за таа пригода и во тон со него чорапчиња до коленцата и чевлички со ремче за полесно сама да ги закопчува.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)