Не сум ни во црна дупка во која времето заедно со просторот бидуваат сомлени во непостоење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
„Барам работа“, се реши Отец Симеон незадоволно чувствувајќи дека отстапува. „Не сакам да ме однесат водите во непостоење“,неочекувано призна одбивајќи се наслепо од судрување. Како лилјак.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Се собраа тие врби околу нив и ги заградија молејќи се и оставајќи ги да тонат во нивните сенки, да патуваат во непостоење до теме закопани во влажна трева.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Убеди ме. Сакам да верувам во непостоењето.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Зачекори во крај, во непостоење, во пресрет на два истрела и еден празен крцкот на веќе испразнетиот механизам.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Пред да ѝ падне револверот од рака, не се праша дали навистина сакаше да го стори тоа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
-Е, кога би станал како вас, то ест да живеам во непостоење...
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
-Мошне сум загрижен што ќе стане со мене по смртта... поради тоа и сум нерешителен - се замеша самоубиецот, повторно поцрвенувајќи.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Понекогаш, кога мојот страв ќе ја создадеше помислата дека тој ќе си го одземе животот, сакав да побарам пари од брат ми за да можам да отпатувам, да го пронајдам имотот близу Минхен, каде Рајнер израснал и каде што сега веројатно беше, но знаев дека за да дојде во мир со себеси, за да дојде до одговорот на „Кој сум јас?“, му беше потребно да биде сам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас му верував на Рајнер дека ќе се врати, но стравував дека очајот може да го фрли во непостоење од кое не ќе може да го исполни ветувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знам бранови разиграни, ќе те убијат тебе во мене, ќе останеш трага во непостоењето ко споулавен ќе играш во соленото блато на образот ќе ги откопуваш со ноктите нежните насмевки што ги однесе олујата на ова време ко развигорец распеан пратен од ритмот на, чекорот што одминува...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Колку повеќе беа убедувани во непостоењето на бога, овие луѓе во повоените години на комунизмот толку повеќе веруваа дека Бог постои преку испратените кози за овде да продолжи животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)