Плач, јад, и солзи во неповрат препратете, пролетта во виор претворете ја, за малку живот оковите скршете ги на депресијата која младоста во вас ја убива.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Нека те однесе ветрот далеку во неповрат, подалеку од моите раце... да не можам да те допрам, видам, слушнам, да не те чувствувам, посакувам... Можеби така ќе те заборавам.....
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Време е рамнодушноста да се погуби хиените и змиите да се сотрат во луѓето честа да се разбуди злокобните да одат во неповрат
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Имам и јас свое море – со ѕидови бели од сол и замор зад нас, со рамномерниот здив на водата и ноќта што ги одвлечува сите минати и идни напрегнати утра, кон далечната шир, во неповрат.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
На полноќ небото засвете црвено, се обоија облаците до крвави сенки, пострашни од битката, се слушаа извици: аах; уух; Гласовите се губеа во просторот каде ги голташе процепот на небото, одеа во неповрат...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
ДИРЛАТА- некому да му дадеш дирлата, значи да го истераш во неповрат, да не го очекуваш пак да се врати.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Гаврил и Матеј далеку во САД, а ти далеку, далеку во неповрат.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
И дали виде, не виде, како сувите ливчиња од роза ги издува во неповрат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Во еден од секавичните проблесоци на свеста, му помина само една ластовичка од мисла што му избега во истиот миг: дека облаците над него го носат времето во неповрат, како што се топат во небото и како што тој самиот себеси ќе си се спржи во пепел.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Само за три дена поцрнаа белите денови и напразно отиде целиот труд и саможртвата, во неповрат се растурија надежите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)