Анѓа живее во неизвесност, во туѓина...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Анѓа сега живее во неизвесност.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во секундите што минуваа бродот на темнината го продолжи своето пловење во неизвесност.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Но, Јана своите гости се уште ги држеше во неизвесност.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Каде си сега, доста ме држиш во неизвесност?
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Селото беше приготвено за евакуација и секој ден живееше во неизвесност чекајќи наредба.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Зошто инаку состојбите на пазарот би биле секој час во неизвесност и пред ризик од доживување инфлација или дефлација?
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Студот, како да го буткаше пред себе во неизвесност, го боцкаше со безброј ситни, невидливи игли, го тераше да чекори.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Изненаден и избезумен од страв, тргнал кон Битола во неизвесност.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Постелата беше топла и тешко се напушташе за да појде во неизвесност, за да се остават очи со дотогаш непознат сјај.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
И за мене неочекувано, ропски покорен пред својата ајдучка страст, тој го замрси денот в јазли оставајќи ме в стапица полусакат и во неизвесност.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
- На народецов му се нужни пушконосци и локачи на крвописка крв, не маченици и не знам какви ветроепци, рекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сакал да застане, да го пречека оној што му бил придружник а што можел да му биде син (зошто да не го посвои ако останат живи?), да му каже што доживеал во онаа ноќ, за да знае дали тој криел досега нешто и што сторил девојката да го напушти татковскиот покрив за да појде преку трња и оган на маки во неизвесност.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Студот, како да го буткаше пред себе во неизвесност, го боцкаше со безброј ситни, невидливи игли, го тераше да чекори.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Останав да лебдам во небесна шир... гледајќи ја во неизвесност иднината проклета.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Често го смируваше неговиот немир, но не беше ретко и да останува во неизвесност, да се помирува со неговите илузии.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)