Нашето место сега е токму овде. Ние мораме да учествуваме во неволјите што следат...
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
А COUPS TROP TIRES може да значи и спасен во неволја. Tirer un coup е вообичаено во идиомите, tirer un coup de fusil - “да се испука куршум од пушка”, што Шварц го поврзува со раздевичувањето.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Станувам егзотична, чудна, ранета, опасна ѕверка.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Колку повеќе го пишувам ова срање толку повеќе има шанси навистина да заглавам во неволја.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Ете гледате, секој пат кога ќе прекинете со традицијата, ќе се најдете во неволја.”
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ист звук а различна должина на самогласките и значењето: malo malo malo malo. (Повеќе сакам да сум јаболкница отколку човек во неволја.).
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Колку човекот е појак, толку е поборбен во одредена ситуација.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Ех, Зајко, што ти паѓа на ум, зарем сега, кога си во неволја, да имам такви лоши мисли? - зборуваше Лисицата и натаму со престорен нежен глас.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Авторот има чувство дека попаднал во неволја и смислува како да се спаси.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
„Марко се најде во неволја долу со Сан Диего“, рече незаинтересиран дали воопшто некој ќе го чуе.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Утредента добија уште два, полни со сѐ што на едно семејство во неволја му е потребно да ги пројде деновите.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Слушајте, му реков, вие ме влечете во неволја, а и сами сте свесни за фактот дека сонот и животот се сосема различни нешта.
„Младиот мајстор на играта“
од Александар Прокопиев
(1983)
На дланки ја пишувале Во неволја ја допишувале Од немајкаде ја препишувале Без зборови ја умножувале Во снег ја вжештувале Редовно ја потстрижувале Во кисели овошки ја унижувале Крај влажна кожа ја доживувале Во остатоци на смев ја сожалувале (Била струја Била и темница) Сега е литература Под сигнатура 49 И
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
- Тоа, колку да знаеш. Ако се најдеш во неволја и со овој трн можеш да преживееш...
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Прости ми, Господи, ама во неволја душа човечка првин за себеси помислува!
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Ех, во неволја секој ти е како рода - бараш помош - на родилки и леунки, на од староста снеможени, на децата поболени...
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Сфаќам дека ниеднаш директно не го прашав каков е неговиот личен став кон Екстази.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Како што гледаш, ги учам вработените овде да создаваат атмосфера на доверба и сигурност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
„Луѓето треба да земаат што сакаат, но да го прават тоа така што да не западнат во неволја.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Ќе им ѕирнеш во кожурецот и ќе видиш кој е во неволја, за да може да им Маргина 37 161 помогнеш на овие деца да се спуштат понежно.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Излупената барака што дење се чинеше напуштена од своите градители и годна единствено за намерници во неволја, сега светеше само однатре - со што како да сакаше да каже дека веќе е затворена за нови гости.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вистинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за криминално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тешко е да се најдат пет илјади во неволја, многу тешко. Тогаш Жаклин беше првпат насмеана, месје.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Таму кадешто луѓето се во неволја, а одложувањето станува опасно, треба да се дејствува без многу размислување.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Откако ќе заспијат децата Откако ќе заспијат децата, имаме време да се запознаеме подобро но премудри сме за да запаѓаме во неволји.
„Три напред три назад“
од Јовица Ивановски
(2004)