Па да не седи дома како дибек за толчење сланаток во наут место кафе и жена му да се спрепнува од него како од изабен камен на прагот; да не паскачи сокаци и да не дрежди по кафеани, - појде на село да ја види куќата на дедо му на кое дереџе спаднала.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)