во (предл.) - насока (имн.)

Се влечеа молчешкум, во насока на сонцето кое бавно заоѓаше.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И онака тешко зборуваме, како маѓепсани.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се забележува дека оваа уставна измена, како и многу дотогашни, повторно е во насока на кратење на уставно загарантираното граѓанско право на жалба [ius appellatio] – кое сега останува загарантирано само во судските процеси, додека во управните постапки е оставено да биде регулирано со закон – односно, de iure, тоа повеќе не е уставна материја, земено stricto sensu. 15.  Проблематиката на заштита на работничките права пред судовите е регулирана во Делот III [Посебни постапки], Глава XXVI [„Постапка во спорови од работните односи“] и, сè на сè, опфаќа вкупно шест члена (чл. 404-409, ЗПП). 28 којшто беше изменет и дополнет (2002) – а потоа, поради обемот на интервенциите, беше изработен и негов пречистен текст.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со овој амандман, кој е дел од корпусот уставни интервенции за т.н. „реформа на правосудниот систем“, се замени дотогашниот чл. 15 од Уставот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со тоа е можно поимот „реално” да се релативизира во насока дека нешто е дотолку пореално доколку е погусто, и дотолку потенцијално колку што е поретко.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со тоа е можно поимот „реално” да се релативизира во насока дека нешто е дотолку пореално доколку е погусто, и дотолку потенцијално колку што е поретко.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Овде посебно нѐ погодува точноста со која учителката е во состојба да ги придвижи можностите на момчињата во насока на правилното општествено однесување, и брзината со која тие возвраќаат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Првиот вели: „Но, во Шкотските висорамнини нема лавови.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но, веќе приближната анализа ни покажува дека политичката заднина е само изговор за нижење ред типични „хичкоковски” ситуации, меѓу коишто најславна е веројатно онаа со ветерницата што се врти наопаку: јунакот во потрага по злосторничките грабнувачи се снајдува среде идиличен холандски пејзаж со ветерници, и одеднаш забележува дека една од ветерниците се врти во насока спротивна од онаа на ветрот - тој „против-природен” детаљ секако ја денатурира идиличноста на глетката, одеднаш „сѐ станува сомнително”, се испоставува дека вртењето на ветерниците е всушност сигнал на злосторниците...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Токму за да ги создадеме чувствата што ги чувствуваме при реалниот коитус, истражувањата се свртеа во насока на самата електрична симулација на телото на примачот. Simonstudionyc's photostream 110 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кај шизофреничарите двата главни мотиви се вообличуваат во единствена сила која делува во насока на создавање на состојба на смрт-во-животот.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И долго кружеше птицата, наслушуваше нешто, се занишуваше во воздухот како што некогаш се нишаа и гранките сосе гнездото а потоа ќе откликнеше и ќе полеташе во насока во која некогаш полетуваа и нејзините пилци.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Некаде, во насока кон Грамадна, во оголената шума, под ударите на дивиот ветер, болно крцкаше стара бука.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Меѓутоа, не би се рекло спротивно туку само покрај договореното, врската го зеде подрака и го поведе во насока без врска, како на пример кон паркот или кон корзото.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Според нив се нацртани неконцентричните примери со поинаква форма, кои со ротирање создаваат илузија на спирално движење, собирајќи се кон средиштето и повторно ширејќи се кон рабовите на дискот, така што перспективата која истовремено се губи во просторот, се проектира од платното во насоката на гледачот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Проектираното светло најнапред продира во екранот, пред неговото рефлектирање во насока на гледачот, работејќи го она што навистина го сугерира сликата на филмот: светлината патува внатре-надвор, добивајќи некоја непозната димензија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ваквото дополнување е направено во насока на дополнителна заштита на лицата во работен однос и барателите на работа од отсуството на културата на толеранција на некои од работодавачите кон оние лица кои не припаѓаат на иста етничка група како нивната, која може да има сериозни импликации по нивните права посебно во мултинационално општество како нашето.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во првата измена и дополнување од 2011 година,88 дополнително се обработуваат надлежностите на инспекторатот кои одат во насока на заштита на работничките права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во чл. 39 се предвидува забрана за примање на подароци за вработените освен протоколарни и повремени подароци од пониска вредност, што пак оди во насока на почитување на начелото на објективност и непристрасност од чл. 9 од овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во главата VII насловена како „Мобилност на вработените во јавниот сектор”, мобилноста не е усогласена врз основа на конкретно дефинирани критериуми пред сѐ во насока на утврдување на групи на нивоа кои треба да бидат еднакви во јавниот сектор.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Ако се земе во предвид дека штрајкот е спонтана и автентична акција на работниците за заштита и унапредување на сопствените работнички права, тогаш може да заклучиме дека на овој начин темелно се навлегува во суштината на ова законски и уставно загарантирано право и на овој начин се одзема иницијативата од рацете на самите работници, преку обременување на штрајкот со норми кои одат во насока на давање на дополнителни надлежности на раководните органи, односно работодавачите по ова прашање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
И уште додадов, за да ја повредам Луција, дека таа е доста ограничена девојка, и дека ако со показалецот ѝ покажеш „таму“, таа гледа во показалецот, а не во насоката што ја покажува показалецот. Но јас сепак ја сакам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој е денеска жална пародија на некогашниот „мислител на подиум“, промискуитетниот палјачо на јавната сцена.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Реторичкиот топос на овој модерен шаман е наштелуван на колективно заведување, на масовна навигација во насока на една фантомска, инсценирана слика на светот. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 93
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тогаш јастребот го грабна огромниот дијамант со своите остри канџи и летна низ темницата во насока кон гората.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога ќе затоплеше, најмалата, тета Дитка го изнесуваше телевизорот на западниот балкон, ќе го наместеше во насока на зајдисонцето и наметнувајќи се со ќебе, се впиваше во волшебниот екран.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Во иднина се очекува нагласување во насока на информацијата, во насока на сканирање, не поезија и ставови.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Фрагментот дава знак во насока на тоталитетот, тој е разорен тоталитет, ветен тоталитет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се оди во насока, еден ден да се појават тапкароши, да се продаваат билети на црно.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ФЕЗЛИЕВ: (Гледа извесно време во насока каде што излезе Иван. Потоа, посега под столот и вади шише со ракија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
На тој начин тие стекнуваат подобро разбирање на она што сложеноста е, зошто таа природно се појавува и зошто живите системи се развиваат во насока на границата меѓу редот и нередот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На пример, една јасика ќе ги насочи листовите во насока во која тие ќе можат да зафатат најмногу сончева светлина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Моите залагања одат во насока на една не толку временски или технолошки детерминирана автореферентност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Разработувајќи ги овие идеи Кауфман и неговите соработници предложиле теорија според која организмите го менуваат интензитетот на меѓусебното заемодејство во насока на постигнување на границата меѓу редот и нередот со што ја максимираат својата просечна прилагоденост.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А во некои ветровити утра, можевме да ги видиме далечните Алпи, прекриени со снег.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така, на триста метри височина, наместо да почнеме да градиме врв, подигнавме нови челични греди, една врз друга, во насока на зенитот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Улогата на латиничното писмо, главно поради италијанското влијание во овие краеви, очигледна е во начинот на кој се симболизирани самогласките и согласките (поинаку отколку во арапскиот), но во насока на пишување од лево кон десно.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тие ни кажаа дека непријателот пред малку отишол во насоката од каде што дојдовме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Влеговме во првата куќа, тие спиеја, од едната страна воловите а од другата страна луѓето спиеја.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Се забележува дека оваа уставна измена, како и многу дотогашни, повторно е во насока на кратење на уставно загарантираното граѓанско право на жалба – кое сега останува загарантирано само во судските постапки, додека во управните постапки е оставено да биде регулирано со закон – односно, de iure, тоа повеќе не е уставна материја, земено stricto sensu.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Би сакале ли да видите промени во насока на мулти- јазична комуникација?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Овој и ваков Бино, со два класа гимназија, многу добро си ја бркаше даскалската работа: да ги научи децата да пишуваат, да читаат и псалат во црквата, но загрижен за својата материјална положба сосема малку работеше на националното подигнување на народот па и тоа што го правеше, го правеше во насока што му ја укажуваа егзархиските луѓе, т. е. кон Б'лгарштината.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И не само тоа, нивната љубов беше и заедничко гледање во иста насока, во насоката на постојаната борба за спасувањето на семејството во честите балкански разминувања со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не е така, ќе речете: зукини ја протегнува категоријата на овошни плодови во насока на метафора, како во „плодови на тлото” и, согласно со тоа, до плодови на море, плодови на знаење, долни алишта „Плод на разбој”, итн. - што не е проблем за овој простувач, кој цел живот уживал во облекувањето и соблекувањето на гаќичките, и боксерки и џокејки, со и без шлиц, и во помагање на своите љубовни партнерки во облекувањето и соблекувањето на нивните: мљац, драгите прекрасни деликатеси!
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Добро, Нина, значи, од вашата зграда сите го познаваат Влатко, ама ќе се запознаеме сите во одделението, па и пошироко - во училишниот колектив“ рече и продолжи да поминува, свртен кон средната редица, во насока кон таблата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Некој стои качен на древен ѕид од црвен керпич и гледа пат како излегува од моерто и во насока на друго море како продолжува. Патот е зарамнет и знае сè за себеси.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Наместо да прочита 25 000 во Безансон, веројатно расеан поштенски службеник, сонувајќи ја печената мисирка за Бадник, прочитал 15 000, и ете како вашата порака била појдена во насока на градот Оријак во Оверња (на пликот е тамошниот поштенски печат), во департманот Кантал каде што се произведува кравјото сирење познато по истото име: кантал!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На овој начин ќе се создаде впечаток дека ДАГ ќе го почне нападот во насока на Нестрам - Костур, а со тоа ќе се сврти вниманието на непријателските единици кои држат позиција на Алевица - Гинова.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Останатите сили на 107-та бригада од кај селото Јановени во насока на Стеницка да извршат изненадувачки напад точно во 20 часот и 30 минути и да продолжат сѐ до утринските часови.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тенковите свртија лево и се втурнаа во полето во насока на Пероо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Четиринаесеттата бригада, во исто време, во текот на ноќта да тргне во насока на Пиргос - село Виделушче со крајна цел да се префрли на планината Сињачка, газејќи го полето јужно од Костур.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Истовремено од југ, од насоките на селата Косинец, Лабаница и Смрдеш и од север, од Клештина, долж грчко-македонската граница во насока на Герман, иако со голем загуби, владината војска прави напори да го затвори патот за отстапување, преминување во Албанија и со тоа земање во силно стегнат обрач на сите единици на ДАГ од целиот реон на Вичо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Утревечер, во 20 часот и триесет минути, ќе тргнат во акција за пробивање на непријателскиот обрач, тука, во Гинова, кота 1435 и по пробивот, без никаква задршка, трчаница и само трчаница во насока Калевишта - Ревани - Шак - Ново Село – Крчишта - Лабаница - Смрдеш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Молк! - рече таа, влечејќи се во насока на Шарко.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со сила на една чета поддржана со целото тешко оружје на бригадата и едно пододделение на артилеријата утре во 20 часот и 30 минути да преземе ноќен напад во насока Стеницка и да продолжи сѐ до утринските часови на 21 август.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Терминот diffѐrance е изведен од латинскиот глагол differe - чие значење е и одлага /to defer/, одолжува /to delay/ (што имплицира временски хоризонт), и (се) разликува /to differ/ (што имплицира просторен хоризонт) - сепак со една јасна измена: Дерида намерно изменува една буква, правејќи грешка, иако нечујна: наместо да напише diffѐrence - именката изведена од глаголот во согласност со граматичките правила - тој пишува diffѐrance, што звучи исто, но сепак графички го принудува читателот да размислува во насока на неслушнатото, на тој начин навлегувајќи во читателовото потсвесно со еден непостоечки глас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како што Хајдегер зборува за еден аспект на јазикот кој сокрива, за притајувањето, така Дерида сугерира мислење во насока на diffѐrance, на одложување/разликување, на okno.mk | Margina #10 [1995] 73 една неопределена игра без крај, референт, или специфична функција.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Маргина и во иднина ќе настојува да обрнува внимание на некои ретки понеобични нешта во нашиот медиски простор, и плус ќе настојува прво да се воспостави соработка меѓу тие пар слабички и по многу нешта инфериорни „независни“ медији, а потоа таа соработка да се одвива во насока на многу поголем префесионализам, на многу поголема одговорност за изречените нешта.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)