во (предл.) - народ (имн.)

Ниту пак врз она кое ние ќе го нарекуваме логоцентризам: метафизиката на фонетското писмо (на пример, на алфабетот), која, во основа, - од таинствени, но суштински причини, недостапни за еден обичен историски релативизам, - беше само најизворен и најмоќен етноцентризам, денес оди кон тоа да се наметне на целата планета, наложувајќи ги, во еден и ист поредок: 1. поимот на писмото, во еден свет во кој фонетизацијата на писмото треба, продуцирајќи се, да ја прикрива сопствената историја;
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
2. Овие три начина на пишување мошне точно одговараат на трите различни состојби според кои можат да се разгледуваат луѓето обединети во народ.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено: тоа писмо им наложуваше на раководствата да ги натераат сите дотогашни патријаршисти, што се сметаа за Грци, да се откажат од патријаршијата и да станат екзархисти или Бугари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А за некоја буна во народот јас не су чул, ни су разбрал.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На овој Трајков одговор мудурот пожолте, а јузбашијата позелене во лицето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи ги Шаќира и Ѓура, се сети дека есеноска испрати по овие двајцата шестотини лири за пушки, та сега ги закачи нив за таа работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Никој во моментот не се сомневаше, бидејќи и едните и другите бараа уточиште од него, а тој ја имаше уште силата и авторитетот во народот за да го направи реченото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Митра ја зеде сакмата, Толе торбите, се замешаа во народот и излегоа на плоштадот пред станицата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа Толе стотици пати со дела го имаше потврдено.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Битолскиот окружен револуционен комитет си ја присвои функцијата на бившиот Централен комитет и во името негово, којзнае по каква штура идеа, им испрати на сите организации едно окружно писмо, што ја застрани вистинската борба и ги расцепи и тие малку останати сили во народот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ти сега ќе гледаш што повеќе оружје да се внесе во народот, — беше последниот збор што му го рече Петре на Толета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бугарите гледаат дека во народот постои движење против нив, инаку не може да се разбере толку големиот терор од бугарскиот окупатор над македонскиот народ, во спротивно не би доведувале општински кметови од Бугарија...
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кои ќе бидат теоретиците на новото течење, каде тие теоретици ќе ја развиваат својата дејност, каде и каква ќе биде нивната аудиторија, од каде ќе се земаат средствата за пропагирањето на идејата, како ќе проникне таа во народот и како ќе се поддржува во него?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предиз­вика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас знаев дека тоа ќе оди мачно и со буна во народот, оти сега светот, со новото писмо изгледаше мал, стеснет и премногу едноставен: ниедно нешто за кое немаше слика во писмото на Стефан Писмородецот – не постоеше веќе, тие нештата постојат само доколку имаат име за да можеме да ги именуваме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Притоа безрезервно се велича големината на народниот гениј, особено во партиските сфаќања на уметноста и нејзината служба во народот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Јас да излезе некој во народот и да рече: сите ние што сме потиснати — робови на агите на беговите, на царот да се здружиме и заедно да удриме на ѕверовите, а не да се делиме; да видите — чудо правиме!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само така ќе му ја запазиме честа, која и така ја нема во народот со пустото погрчување што го направи.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Меѓу работниците и во народот се пушти со шепотење глас дека Жепа не дозволува мост над себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Им изградија дрвени бараки, пред кои делкаа камења, беа бели како воденичари од камениот прав.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Александар во народите вгради ново длабоко чувство на свест, чувство на смисла за животната борба!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Гол!!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Со тие извици во народот настана паника.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во народот се вмешува и Велјаница Пармакоска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)