Со нејзината теорија за „растот на социјалното“ и намалувањето на јавниот простор во модерноста, претставена во „Човечката состојба“, Арент застапува нагласено антимодернистички став: модерноста доведува до губење на јавниот простор преку остра поделба на современите општества на тесно политичка сфера од една страна, и економскиот пазар и семејството од друга.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Од друга страна, Хабермас јавната сфера не ја гледа агонистички како простор за конкуренција/натпревар меѓу политичката елита; Хабермас има подемократско гледање на јавноста како сфера каде што оние врз кои влијае државната политика може да придонесат за нејзино формулирање, преку „слободен и неограничен дијалог меѓу разумни поединци“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Преломноста на изработката на формални работни модели не е во модерноста на откритието, па веќе од третиот милениум пред нашата ера имаме глинени таблички, на коишто се запишани знаци, што несомнено мораме да ги сметаме за модели на канализациските работи.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)