Преку контемплациите во еден примерок, или во мноштво примероци книги, ние оформуваме слика за поминатото време како насобран талог; добиваме чувство за неговата длабочина и димензионалност.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Сексуалноста, пак, во извесна смисла, е надмината како начин на изразување - иако на сите страни се мавта со неа, таа веќе нема кога да се материјализира во човечки и љубовни односи, туку се распрскува во промискуитетот на изделени моменти, во мноштво на краткотрајни контакти.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Оваа убава сатира е насекаде предадена во филигран, во мноштво форми, низ чудесниот стил.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Но во тој момент општото очајание се разби во мноштво од индивидуални кавги.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Во согласност со Дерида, тој што пишува никогаш не пишува во само еден јазик туку во мноштво јазици составувајќи некои нови значења а искоренувајќи некои други.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)