Дали се капела во млеко? Откаде му такво сеќавање?
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
•Проектор насочен кон чашата? •Хичкок: „Не, беше во млекото, во чашата, бидејќи тоа требаше да биде многу светло.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Но, највеќе ми пречеше Ото Кругер во улога на негативен јунак.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Многу бргу ги огреало сонце и тој почнал да ора со трактор во Лозарството, а таа да мете во шталите по цел ден, иако тоа од неа никој не го барал, ама бадијала не се седи. Сакале да ѝ платат... во млеко.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Затоа покојниците биле подмладени и проубавени како во расфрлените гробови да се капеле во млеко.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Обеси се“, му рече Арсо Арнаутче. „Сега остави го Никола Влашки да каже што му е на детево.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А кога Никола Влашки ја крена дланката од моето чело спомнувајќи не знам каква болест и присеќавајќи се на не знам какви треви и пелини, некаква милолика женичка ми подаде чаначе со надробен леб во млеко и лажица од жолто дрво и нешто кажа - гладен е, или млекото лекува, или - живите боледуваат, мртвите гнијат.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не се менуваат лесно навиките.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во вискито е храброста, а во млекото разумот!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)