Не знаеше кој пат да го фати, какви зборови да искаже за да ги пренесе своите добри намери, својата во мисија да ги спаси книгите од уништување, а не да го забрза нивното преземање...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Тоа беше нивен значаен придонес во мисијата на Татко и Камилски да се справат со османскотурските заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Очигледно настапуваше нова, завршна фаза во мисијата, во тоа беа уверени и обајцата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од разговорот, од јазикот на аргументите, на заемките и вкусовите на јадењата, зависеше каков конечен курс ќе заземат Татко и Камилски, барем во корпусот на гастрономските османскотурски заемки.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски при својот последен престој во Париз најпосле кај париските букинисти ја најде и долго бараната студија на Андре Мазон Lexique de la guerre et de la revolution en Russie (1914-1918), Лексиката на војната и Револуцијата во Русија (1914-1918), издадена од издавачот крај Сорбона Оноре Шампион.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Климент Камилски го следеше Андре Мазон на неговиот пат по учеството на балканскиот фронт на француската Источна армија, кога во 1918 и почетокот на 1919 година во Русија во времето на пролетерската револуција беше најден во мисија да го набљудува и проучува рускиот јазик во новите услови.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Беа свесни дека нема никогаш да ги опфатат во нивната потрага сите османскотурски заемки, но до некаков компромис мораше да се дојде, ако не денес утре, задутре.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но најмногу од сè ме притиска мислата дека сум заминал во мисија и со внатрешна порака што никој не ја разбра и прашање е дали воопшто ќе биде разбрана во иднина.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Најчесто дипломатите во малата земја во која служат стануваат еден вид мало семејство, без оглед на геостратегиските противречности на различните земји во мисиите на многумина од нив.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бевме блиски, како што беа тие блиски и со многумина други дипломати.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да немав време во тие мигови да го почувствувам тој мајкин повик, пренесен во мисијата на една друга мајка, во едно друго време.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Имавме и една друга заедничка мака: предавањето на акредитивните писма, вистинскиот официјален вовед во дипломатијата во земјата на приемот. Conditio sine qua non, во мисијата на амбасадорот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ми се поставуваа нови загатки за разврска многу, многу време по моите дипломатски години, по мисијата во земјата која не постоеше, во земјата која се мачеше да постои.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се чувствував во мисијата како човек да продолжам да ја следам судбината на овие луѓе со кои ме поврза верно пријателство...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Нејзината поранешна мисија да го спасува семејството, децата, во војна, се менуваше во мисија да го спасува и во мирот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мајка Ервехе се најде пред нови искушенија, како да го одржува семејството, како да си ги спасува децата, во мисијата за која, како што кажуваше, ја испратил Бог.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Господинот Контра Банда(ш) влета во нашата редакција како да е гонет од лигавка и шап збудалени лилјаци во мисија на опустошување на градот Скот-е.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Проблемот на насловот на овој семинар е во арбитрарноста на оние што проценуваат што е “хендикепирано” а што не е, и поради тоа, свесен за опасноста од влегување во нови нивоа на арбитрирање, се обидов да ја растурам (со дување!) “материјалноста” на “нехендикепираната куќа”, нудејќи умножени холограмски фрагменти на еден текст кој е “децентриран холограмски дом” самиот на себе итн, некаков концепт на руски куклички, ви се нуди, почитувани “ѕидари” во мисија на создавање како постабилен така и послободен свет, што можеби е противречно, а можеби и не е.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)