Следат еден непоплочен пат до друг непоплочен пат, ги следат упатствата и свртуваат кај со гром погодената врба.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понекогаш облаците се повлечени, опкружувајќи ја рамнината како прстен, но во мирување.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во таквите попладниња, тројцата одат до Реката Снејк.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
После оваа спогодба штрајкот е ставен во мирување, со надеж дека договореното ќе биде испочитувано и исполнето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како резултат на овие преговори, е постигната спогодба во која, покрај дадената согласност за почитување на работничките права, работодавачот се согласува и на зголемување на платите на работниците во две етапи – моментално зголемување на платата од 20% и дополнително зголемување од уште 10% после Новата [2009] година.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во насока на континуираната тенденција на законодавецот во секој поглед да го ограничи уставното право на штрајк на работниците е промената кој предвидува дека во случај на штрајк во дејностите од општ интерес, за времетраењето на постапката за мирно решавање на спорот, штрајкот се става во мирување (чл. 21 и 22 од ЗИДЗМРРС/14); в) кај органот надлежен за помирување дојде до промена кај Одборот за помирување кој по ново го сочинуваат само страните во спорот, додека пак помирувачот учествува во постапката, но сега без право на одлучување (чл. 23 од ЗИДЗМРРС/14); г) во постапката за помирување дојде до укинување на правото на помирувачот, заедно со членовите на Одборот, да донесе препорака за начинот на решавање на спорот по заклучувањето на расправата, кое сега е ексклузивно право на двете спротиставени страни во колективниот спор, додека пак улогата на помирувачот се сведе само на помагање на страните да дојдат до заеднички прифатлива спогодба без да наметнува решенија за спорот (чл. 24 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Таа градба зад Меланхолијата е всушност нејзиниот живот, животот кој, како и да се живее, како и да се гради, ќе остане недограден, како попусто проживеан.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Меланхолијата е окружена со многу орудија и столарски и каменорезачки прибори, но сѐ е оставено во мирување – таа знае дека ништо нема да заврши, знае дека сѐ е попусто, попусто е дури и да ги направи сите нешта на овој свет - во сѐ е влезена бесмислата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)