Ја завршуваше својата исповед: не му ја затнаа дупката на стомакот со орден но сепак бев добар десетар во смоларата, како што бев секогаш во се добар - во шверцот, во пиењето, во милувањето.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
се раѓам минатото утро или регенерцијата како емотивна дисциплина ... да се раскрили завесата од дождови со неколку чисти капки по лицето да се сочека светлината што ги подотвара очните капии на твоето скривалиште со остатоците од ноќната гозба (и сеедно дали во милување или убод и сеедно под кој агол колку долго се задржува врз пулсирачкиот свет зад тебе) кога беше и дете и птица во иста сенка... ... но допирајќи те светлината на сенката и облекува кожа со температура триесет и шест со седум кожа со влакненца пот гребнатинки со пори изумрени клетки брчки со реа... ...со трага од нечија плунка прст од папокот... ...од тука повторно да се започне сопственото будење денес ова нека биде мој дом моја постела моја жена... а каде се птиците или несогледливоста на визуелната комуникација
„Или“
од Александар Прокопиев
(1987)