-А потоа, не мора на таквите приказни да им придава толкаво значење – реков кога ми ја донесе новоста за генералската ќерка.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
- Не смее секое нашепнување да се зема здраво за готово - ѝ реков.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Петра благо се насмевна сакајќи без лафови да ѝ каже дека знае што врти во главата, оти малку или многу, сите знаеја, таа тоа гласно го изговори на гаковската станица, дека врзала семка од Доне во мешето.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Оваа најинтимна информација ѝ ја пренел лично гинекологот Славе Лебанов.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ѝ одобриле бањски третман додека да ѝ порастело малото ѓаволче во мешето.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ни не помислува дека секоја тајна, и таа што расте во мешето на генералската ќерка, а и оние другите, што никогаш не поминале покрај нечие меше туку само покрај некој авторитет, веднаш стануваат непријатни приказни и шеги.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И сега ме упатува сомненијата што ме измачувале да ги споделувам со лекарите.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)