во (предл.) - месо (имн.)

И само затоа што речиси во истиот час, веднаш штом го пренесле кај делениците Акиноски, Јосиф Акиноски, со усвитен нож му направил операција, му ги извадил куршумите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Е, откако сето ова ќе се случи, се обраќаат кон оние што треба да бидат регистратори на нивната творечка присутност и бараат од нив сериозно да ја сфатат приказната затоа што таа е плод на потребата да стрелаат во месо и да го кажат она што не може да се премолчи.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Болката во месото на неговите пет вретена предеше црвени кончиња. Крвавата преѓа се затегнуваше и прскаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Преку водата се протегаа долги, коси, риги светлост, жолти ребра во месото на притаената згрчена река.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѕидарската работа главно е крени и залепи, а понекогаш кога ѕидарот не внимава, малтерот му навлегува во месото на прстите, му се прават мали дупчиња и низ нив потекува крв.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тоа секоја буква од чудното сочинение што го донесе Филозофот лелекаше, врескаше и плачеше, како жив човек да е; и силен мирис на месо печено почна да кади низ воздухот на шумата, и мирис на коски изгорени, чадот и мирисот незнабожечки, хула ужасна, мирис на месо човеково печено дур до небо се креваше; и одеднаш, сите дванаесетмина видовме глетка ужасна, страшна: тврдите слова на едно место во огнот се збраа, па се распоредија во костур човечки, и станаа коски; а меките гласови во месо се престорија и во огнот од сите букви се сотвори човек што гори; косата му гореше, телото му гореше, коските и месото му гореа, и тој врескаше, лелекаше, и се обидуваше да излезе од пламената стихија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Молчи. Сигурна во себе зашто ја научиле за одбрана пребрзо да извлече од ученичката торба пиштол и да пука во месо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чу, јадрите заби дробеа јадри лешници, се забуцуваа в месо, ги мелеа отровните зборови.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Зашто убаво се гаснат цигарите во месо.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Марија порасна зад тие очи и тихо, без молење, побара: „Остави го. Сега остави го.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Си ги вкопуваме во месата, се кинеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дивината не одеше пред нивните зли очи, изврзана, претепана или со рани во месото.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кој си, кучешко копиле, што посегаш по сиромаштијава наша?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Им одговорил истрел - пак кон нив, неодредено, во месото на сите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имаа диви лица со брчки, можеше да се поверува дека се делкани од оревово дрво пред стотина години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молчи. Сигурна е во себе зашто ја научиле за одбрана пребрзо да извлече од ученичката торба пиштол и да пука во месо.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ги мијам и си шепотам: излези болесиште од коските во месото, од месото во косата и во ноктите и оттаму појди во реката и оди по река, дури да те изедат рибите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Длабат во месата, сврдлат надолу до коските, си пуштаат крв.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)