Илко се загледа во Доста, па во месечината, пак во Доста, пак во месечината и почувствува дека навистина му се смее и го гледа, ама место да се уплаши или засрами, тој го собра лактот на раката на која лежеше Достината глава и оваа се најде под неговата гуша.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ноќва, од пределите на детството, би стигнало нашето црвено ждребе, за да го помилувам и кршејќи залаци леб да го нахранам, за потоа одново да се разигра виштејќи и потскокнувајќи и своите тенки копитца натопувајќи ги во месечината и со нив ставајќи златен печат врз детството.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Гледа во месечината.
„Буре барут“
од Дејан Дуковски
(1994)
Залудно е да го стега перото, залудно е да зјапа во месечината, оти канџите на Нечестивиот му се закачија во срцето и тоа сега крвавеше со сомнеж, со тага и со безнадеж.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
„Зошто пишувам? Зошто им пишувам?!!
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Во кого? Се знае, во месечината! Ја прегрнало, и ја дало топлината!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Точно, но јас слушнав глас.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Оттаму можеа да гледаат во месечината што излегуваше од планината на спротивниот брег и се разлеваше по разбранетите води како купче истурени сребреници.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Всушност размислував за коските на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Се вратив во собата. Седев на креветот и се џарев во месечината.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)