во (предл.) - меандра (имн.)

Ова време како да не постоело, како да не бил учесник во неговите настани кои целосно го изменија неговиот живот, но и на неговото семејство во меандрите на егзилот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таква тага можела да се почувствува само во меандрите на егзилот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И кога ѝ беше мачно во животот, во меандрите на осамата на староста, таа, да ја оставиме во нејзиното „гнезденце“ („furiqkёn“), во која извираше светлината на нејзината душа, која не поднесуваше никаква друга сенка, па дури и од своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Непознати зборови се кријат во меандрите и преплетите на корените.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко често размислуваше за сложениот еврејски идентитет создаван најмногу во меандрите на егзилот, почнувајќи, според Стариот завет, од нивниот егзодус од Египет до нивната Ветена земја, од егзодот од Палестина, преку ропството под Римската Империја, прогонството од Шпанија, за централниот хебрејски јазик, но и за двата признати јазици на дијаспората јидиш на северните Ашкенази и јудеошпанскиот на јужните Сефарди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Постојаните емиграции на Евреите ќе ја чуваат и зајакнуваат во нивната колективна имагинација и меморија вкоренетата сознајба во свеста за нивната изгубена родна земја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се определив, во оваа потрага по лавиринтите на сеќавањето позасилено да трагам по јунаците Картагинци, кои си ја наложуваа мисијата да бидат еден вид спасители на судбините на малите народи пред големите, во меандрите на власта и минливоста.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)