во (предл.) - меана (имн.)

Кога седнаа да вечераат, во меаната се најдоа и некои џамбази, измешани хрстијани, Турци и Ѓупци, и почнаа да бијат шега, првин со сите потковичани а после само со него, со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А таму, на ан кај Стомнаровци, откако ги отспретнаа колите и откако ги врзаа коњите во пондилата, во меаната на штрек чекаа да дојде Аџи Пано, стрико Максимов: по него, за да го извика, Максим го испрати калфата Стомнарски.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Под рацете веќе му беше бутнато некое друго лице, модро-црвено лице на пијаница, со бели трепки, одвратно на допир, облеано со пот, со испарувања на алкохол, црно кафе помешано со рум - подготовка за наркоза, скришно пивната во меана заради охрабрување.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Веселбата во меаната продолжуваше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Откога малку поседоа, со гордо и високо чело, со црвен и нов фес и со црни засукани мустаќи, во меаната влезе Никола.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Од меаната се зачу народната песна: “Дафино вино црвено, момчето ти е заспано момчето ти е заспано на Каракамен планина! Тука помина четата, гунчето му го зедоа... “ Во меаната одекнуваше веселата песна.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Алкохолот може да се сретне насекаде, а често го наоѓа своето место и во самата уметност па така може да го сретнете и во многу староградски, а и новокомпоновани песни како „Пијем на екс”, „Седим за шанком делимично пијан”, „Вино пијам ем ракија”, „Парите ги зеде в меана ги даде” и многу други хитови.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
СИМОН: Браво! И кога јас ќе седнам во меана, а газда Трајко ќе ме служи.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Дојде Клаус да руча во меаната.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Не праќаат редовно плати. Прави кој што сака. Карма – каша. Губиме војни. Живеам во меана.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
По два дена го наоѓам Дуко Вендија. Во меаната од Доксима Тренчески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Влегуваме во меаната од Доксима Тренчески. Доксим рипнува и нѐ пречекува, се смее. Вистина кисело, ама се смее.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)