во (предл.) - мајка (имн.)

Рашела погледна во мајка ми.  „Немаме”, им рече таа студено на службениците, а на Рашела строго ѝ рече, на влашки: „Ајде, што чекаш, оди заврши си ги работите!
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А ти за едно автенце двапати се колнеше во мајка, а јас ништо не ти пререков.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Жими мајка...“ „За еден нокот не се колни во мајка“, му реков.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Велиш, четири месеци?“ го прашав со недоверба. „Да не си претерал - четири месеци?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Интересно: модринката се искачуваше колку што нокотот растеше. Најнакрај имав сосем нов нокот.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Нека ваќаат меќани до пролет. A кога ќе закука кукавицата, ќе се најдиме пак во мајката планина.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Почна Толе и да суди на својата територија, а не само да ајдукува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој нестрпливо се заврте и погледна во мајка си...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Најмногу се надеваше во мајка си, која можеби повеќе страда од другите, можеби нејзините грижи се потешки од грижите на татка си и деда си, но таа најмногу верува во него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„И сега не знам кое име да ѝ го дадам,“ рече Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ќеркичата повремено погледнува во правецот во кој гледа Криста, знае дека таму има нешто што го гледа само мајка ѝ , нешто што тие не можат да го видат, но го претпоставуваат, го чувствуваат тоа нешто во кое таа е загледана, и кое ја проголтува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледа де во бабата и дедото, де во мајка си. Сите молчат.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Гледав де во малечката, де во мајката, која уморна лежеше на креветот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Мамо, мамичке, па ти навистина си спремила мусака“, со светнати очи викаше детето заграбувајќи со лажицата од гравот, гледајќи ту во мајка си, која се крстеше и се заблагодаруваше на милоста Божја, ту во чинијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- „Ве молам“- рече. - „Се колнам во мајка ми дека дојдов само да телефонирам.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вториот бил помалку јасен и Херкулина била предупредена и опомената дека следниот пат ќе биде подложена на детална истрага.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Верувај, Леме, верувај, малечок Леме, - ме преколна во мајка.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Гледаше молчејќи со огромна возбуда те во татка си, те во мајка си која со огромна нежност и љубов и се насмевнуваше.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ѕвезда со уплав погледнува во баба си и се згушува во мајка си.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Лиле ги избриша солзите... Елена не погледна ни во Наде, ни во мајка им. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Најмалата сестра гледаше де во мајка си, де во поголемата сестра.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Се разочаруваше. Најмногу во мајка си.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Гледаше и во него и во мајка му која плачеше, и не знаеше што да заправи, што да му рече.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако има Бог, тој постои само во мајката која живее само за спасот на своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ќе се приклониме ли кон помислата дека овие и вакви резони влечат кон утилитаризам, или пак ќе поверуваме дека тоа се резони, коишто нè воведуваат во филозофијата на XXI век, ни преостанува нам, како на читатели да просудиме во зависност од нивото на своја­та наобразба или од широчината на платформата на нашата идеологија но, прочитувајќи го овој роман на Луан Старова, сепак и сепак ќе бидеме спремни да се согласиме со нашиов високо извишен мајстор на литературно-уметничката реч, дека: „Ако има Бог, тој постои само во Мајката!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Веројатно е загледан во мајка ми.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Си мислам: секој од нас е некој иден Исус зашто со своја крв може да си го потпише своето исчезнување ПСЛАМ 3 Некогаш, среде сиот човеков неред имав спокојство да го наслушам и шепотот на плодот во мајката.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Заколни се во мајка дека ќе ги чуваш.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
... - Ова го излажав - го прекинав читањето и погледнав во мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За пцуење војник во мајка можете да одговарате! Имам и сведок...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)