До 1906 прави цртежи и карикатури за весници, а од 1907 почнува да слика во масло предимензионирани, гротескни форми и фантастична архитектура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Наместо вообичаеното сликање во масло и во дебели наслаги, овие уметници ја развија постапката на разредување на бојата со бензин, што овозможи брзо боење на поголеми површини и одговараше на нивниот импулсивен стил.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Статичните слики како што се снимките на архитектонски okno.mk | Margina #8-9 [1994] 35 и скулпторски дела, па сликите во масло, фотографиите или фотокопиите, на Гринавеј не му служат како одморишта за филмската приказна и како укажувања за можните паралелизми.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Историја: Екстази се прави од МДМА природна суптанција која се наоѓа во одредени оревчести плодови на малајското дрво и во масло од сасафрас.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Тука се среќаваат и две композиции во масло од македонскиот академски сликар Ангел Петров...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Меѓу неговите педесетина платна, се наоѓа и едно од шеснаесеттиот век, од Себастиан Вранке, современик на Рубенс, работен во масло на дрвен трупец а претставува враќање од бој.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ми покажа дваесеттина слики, главно, во масло, од кои повеќето се создадени на Монмартр.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Насликана е во масло, на платно со скромни димензии - 54,2 цм. х 39,3 цм, што ќе беше безначајно да се спомене, ако работата на неа не ТИПЧЕ траела од 1855 до 1864.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Неосетно, и моето тело минува во друго, во предмет на сликата во масло „Македонецот во посета на домот на Фиона“ или нешто слично.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во нивните отворени усти се напикани стебленца, лисја и цветови, размачкани со булкин сок како крв.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Кога лебот доволно се натопи во маслото и во колибата замириса на пржено, Бојан изрона одозгора и парче сирење, па пак ја стави тавата на огнот, убаво разбркувајќи го со лебот.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сѐ што се случува во селото: добро или лошо, се случува на него: преку него врват и свадби и свадбари, и погреби и музики, и арамии и војски, по него во селото доаѓа една власт а си заминува друга, по него се испраќаат и пречекуваат луѓето за војници, печалбарите по светот; на него седнуваат старци и старици да се топлат на сонцето, на него везилките од селото се собираат да везат и пеат; на него се читаат наредбите на власта, по него се тркалаат бочви за да киснат во езерото; крај него се садат муренкови стебла за сенки; на него говедарот го собира добитокот за пасење; којшто ќе дојде од градот или околните места да купува и продава, на него купува и продава; тесните сокаци: одат кај ќе им текне; се кршат, се извиваат, се провираат меѓу куќите, кружат и пак одново се враќаат и излегуваат на широкиот пат крај езерото; по отпадоците што се фрлаат на нив, се знае која куќа што готви за јадење која што заклала; која бара заскитан добиток или деца, во која се веселат, а во која водат војна; по тие сокачиња, ако си невнимателен, можеш да се чукнеш во столче, во синија, во каца, во кош, во тезгере, да се слизнеш на лушпа од тиква, од лубеница, од лепешка; да цапнеш во бразда што одненадеж ти излегла, да се сретнеш со натоварено добиче со кое не ќе можеш да се разминеш; да ти лавне одненадеж од некоја порта куче, да те запраша некој кој си и кај одиш, да те викне некој што започнал сам во дворот да пие; низ нив и зиме и лете струјка ветер од езерото и шишти како низ тутурка, како низ оџак; галеб кога ќе се најде во нив, креска како да се загубил; боите на куќите: сината: луѓе вљубени во езерото, во мирнотијата, во спокојот; мудри, темелити, неизбрзливи во ништо, сигурни во она што го прават и говорат, верни на она што го преземаат или ќе го наумат; добри, предобри, душицата како на дланка да им се гледа; засакаат ли нешто - се врзуваат за него трајно и за век, како што се врзуваат земјата и историјата; зелената: скитници; непостојани во сѐ: во потфатите, во работата, во мислите, во духот, во зборот; она што го започнале денеска да го кажуваат, ќе го завршат вечер, утре, или никогаш; не држат многу за ред, за збор: зборуваат за работи што не им се доволно јасни, одговараат на прашања пред убаво да размислат, решаваат пред да бидат наполно сигурни; слобода и ширина имаат во сè; жените со рулче на раце или на босици седат на прагот; децата им мочаат кај им е ќеф, седат на прагот или скитаат по сокаци; очите им играат како во масло.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кажи ми нешто за чудниот наслов на твојата изложба, „Луѓе во масло на платно“... Макетонци.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Се шегувам, станува збор за опус од едно десетина години, фигурација, извлечена од мојата духовна утроба, токму така, како разбереш: луѓе во масло на платно. Луѓе во платно на масло. Гарнирани со краставички.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Саше се доближи за да го прочита напишаното и со љубопитство се загледа во нацртаната Марија со дете во прегратката, осветлена од слабата светлост на оганчето во масло.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)