Книгата и филмот вообличија еден тврдокорен стил, тие беа неверојатно внимателни во изразувањето на деталот, и ја вклучија технологијата во сето тоа, во манир невообичаен за научната фантастика: Ни насочен технофилиски (како многумина во „Златното доба” на СФ-от) ниту технофобиски (како „Новиот бран”) киберпанкот не е зависен од технологијата туку оди паралелно со неа.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Очекуваа некој кој има најмалку 50 години - веројатно поради страотната анахроност на делата кои беа изведени во манирот на раниот и среден барок.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Напротив, Маркоска, жестоко (уште една конотација со терминот Естуизам) ги сопоставува во својата поезија елементите на прочитаното и доживеаното и навидум детски, наивно, поентира во манир на Зен-мајстор, со своите чудни и на моменти апсурдни разрешници на така строго (метрички) „излеаните ” форми импрегнирани со лирски патос, но со саркастична глазура, за оние кои го гледаат само одблесокот на мислата од семантичкиот габарит на „направеното”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)