Но кога навечер ќе рошнеше со машата во мангалот, пеплосаните жарчиња кратко вивнуваа, небаре некоја невидлива сила ги враќа во живот пред да умрат сосем - е, тоа беше сосема јасен знак како ќе изгледа неговиот крај.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
„Сепак, да го окончаме ова наше инаетење со заклучокот дека вистината што ти ја застапуваш може да се нарече и жарче што си осигурало убаво место во мангалот на спомените.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
А јас не ја испуштав од погледот Јана. Следев како ја заобиколува мермерната плоча што ја нагрдуваше позлатен натпис и како си го штити лицето од поткршените багремови гранки што веројатно ќе му бидат единствената сенка на мртвиот поет во летните горештини.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Непомирливата Катерина! Беше како пузата во мангалот на дедо ми, преполна со скриени жарчиња!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)