во (предл.) - мака (имн.)

Не дозволија селаните да им одат на помош. Така во маки умреа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Затоа во маката ја бараме само неа: Ѕвездан ме бара мене, а јас мојата мајка.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не можам среќна да бидам сѐ дури во мака страдниот народ се витка! "
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Имав прилика еднаш да видам при копањето на еден гроб, трупот од човекот да е свртен наопаку на мев: оживеал по закопување во гробот и во маки завршил. Затоа убаво да проверите, те молам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но, ништо на светов не помагаше, ти тонеше во маки, најмил мој. 29.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И во маката не сака само за маки да зборува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
11. Си реков дојде време за отпочин од многу сонување Време е да се протријат очите И да се касне некое резне јаве Преполно со коалољубци (и кенгурољубци) од сите земји Кога ќе видам што ќе видам Лично Папата Бенедикт Шеснаесетти Да ми ти дошол во Австралија и лично тој ми пружи рака Вели одамна сакал да се сретне баш со мене (Вели дека сум Божји ротвајлер и јас навистина не го разбрав тоа) Вели многу го интересирале моите соништа И малку се попари кога веднаш му кажав Наместо добредојде му кажав дека за моите сонови Сум во постојана комуникација со еден поет од Македонија Ох Македонија рече Папата никогаш не сум бил во Македонија Иако тоа е само еден саат летање од Ватикан Никогаш никој и не ме поканил во Македонија А во животот на еден Папа многу е важно да не оди неканет на гости Сум читал многу за Македонија додаде Папата Светиот апостол Павле на пример пишува „Кога дојдовме во Македонија, никаков мир немаше телото наше; Во сѐ бевме во маки; однадвор напади, одвнатре страв.“
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Оф, мори мајко, си мислам, сите во маката бараме мајка. Мајка да не се најде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)