Лозарот од Неготино, испечен од тиквешкото сонце, избрчкан од мислата како да врзи крај со крај во месецот и веќе подгрбавен од наведнувањето кон секое грозде, овој лозар од Неготино, значи, никогаш нема да разбере што значат Клиничките патеки што ги воведе власта во лекувањето на обичните луѓе.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
А од мачењето има корист кога ќе се употреби како казна и тоа кога субјектот ќе отиде толку далеку во лекувањето, па казната ја прима како заслужена.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)