И кога Фимка се доближа и скоро застана до неа, девојката подаде кон неа рака обврзана со окрвавен завој, погласно залипти и низ липтежот одвај чујно изусти: - Мајко.., мила, мајко моја... таа толку тивко прозбори што се чинеше дека ветерот некаде од далеку донесе само шумолење од глас, го удри од карпите и стеблата и го растури меѓу тревјето во лединката распослана под сенките на високите борови и само делче од него стигна до Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Како ламбади горат столетни борови; во лединката догоруваат планинските цвеќиња, се спржува синиот цвет на Јановото цвеќе, испарува сладуњавиот мирис на шумските јаготки.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)